Денеска е среда, 18 јануари 2017 година, 18-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 347 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 58 минути, а ќе зајде во 16 часот и 29 минути.
Денов трае 9 часа и 31 минута.
Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 23 часот и 4 минути, а ќе зајде во 10 часот и 22 минути.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од снег. На крајниот југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од минус еден до четири степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен снег. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до нулата.