Македонските фолкерки Џесика Палашоска и Татијана Стефановска засилени со оркестарот „Маестрал“ од Битола, беа на новогодишно-божиќна турнеја преку големата бара. По успешните настапи кај нашинците во Канада фолк екипата тргна да се враќа дома.
Животот на естрадните уметници е таков, што не знаеш каде што ќе те задеси. А Татјана ја задеси роденденот, и тоа на половина пат. Иако можеби не очекуваше дека токму таму и така ќе го прослави, ете и се случи… да и пеат „Happy birthday“ во облаци!
Имено Џесика и машката екипата решија маестрално да ја изненадат својата колешка, па и подготвија изненадување на ниво. И тоа на мнооогууу високо ниво. Дури на десет илјадиу метри!
Така додека летаа од Канада кон Европа, дојде часот кога стјуардесите во авионот и пријдоа на Татијана со полн послужавник чаши наполнети со шампањско и колач, почнувајќи да и пејат: „Happy birthday… “ драга Тања, на што се придружија и останатите од нашата фолк екипа.
Честитки, бакнежи, прегратки и здравици за среќа, здравје, долг живот и многу успеси… А, изненадената Татијана остана вчудовидена, но пресреќна од пријатното изненадување што и го приредија колегите.
Погледнете ги видеата полни со… љубов во облаците!