ВИДЕО+ФОТО: Вилата на Тито препуштена на забот на времето

Претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито преноќил во вилатана индустријалецот Вилим Конен, а во неа Добрица Ќосиќ ја пишувал „Корени“, престојувале и Оскар Давичо, Антоније Исаковиќ, Милан Коњовиќ.

Вилата е единствено здание на Ференц Рајхл на Палиќ и пропаѓа веќе 12 години.

Изградена е во 1903 година, а од младите на Конен е преземена од 1946 година.

Оваа вила по конфискацијата е преземена од властите и е користена за општински потреби. Ја нарекувале Титова вила, иако Тито таму бил само еднаш.

Откако не се користи, вилата посетителите ги потсетува на куќа на духови.

„Вилата изгледаше убаво. Одамна одлучив дека таму нема да одам и само на фотографии гледам дека е пропадната. Кога ни беше одземена, ја чуваа за функционери, писатели и уметници кои таму се забавуваа“ - вели Вера Конен.

Додава дека ако државата им ја врати вилата, имаат право на дел и би требало да го добијат.

Титова вила се нарекува од 1963 година кога Тито престојувал во објектот. Градските власти не даваат прецизен одговор кога таа ќе биде реновирана. Нема фотографии кои ќе покажат како вилата изгледала во најдобрите времиња.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно