М.Х. од Скопје пријавил дека во текот на вчерашниот ден неговиот тринаесетгодишен син бил силуван во парк во Скопје.
Ноќеска во 03.05 часот во ЕИК Скопје, М.Х. (39) од Скопје пријавил дека на 28.02.2017 околу 20.30 часот на ул. „Самоилова“, додека неговиот тринаесетгодишен син бил сам во паркот, дошол Р.А. (на возраст од околу 19-20 години ) и со употреба на сила го однел кај клупите, каде извршил полов напад врз него.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.