На почетокот од неделава Светската антидопинг-агенција ги израдува Марија Шарапова и нејзините фанови со информацијата дека ѝ е дозволено враќање на тениските терени, по суспензијата од една година.
ВТА ѝ излезе во пресрет на Шарапова и ѝ дозволи да настапи во Штутгарт, иако турнирот започнува два дена пред истекот на нејзината суспензија, 26 април.
„Шарапова како поранешна гренд-слем шампионка и победничка на Завршниот турнир има право да бара неограничен број специјални покани, вклучувајќи го и Штутгарт", стои во соопштението од ВТА.
Русинката сега конечно може да се релаксира... Впрочем, тоа и го направи, а се пофали и на Инстаграм.
Имено, на својот профил на социјалната мрежа руската тенисерка објави фотографија на која лежи гола во кревет., но прашањето кој ја фотографирал во таа поза остана неодговорено.