(ВИДЕО) Сите го мразат: Внукот на руски тајкун е "најодвратниот човек на светот"

Внукот на еден од најбогатите руски олигарси, Игор Неклудов, убедува луѓе и им нуди пари да се однесуваат на најниско ниво, за тој да се сити и тоа да го објавува на својот канал на ЈуТјуб. Тогаш и не чуди фактот што Григориј Мамурин Гриша се смета за најодвратен човек на светот.

Гриша има свој канал на ЈуТјуб на кој поставува клипови за да докаже дека со парите може да се купи се. Речиси сите негови видео снимки имаат врска со секс, им плаќа на жени да му го перат автомобилот во долна облека, а потоа им плаќа на луѓе да ја пијат неговата урина, на девојки да му ги покажат градите на улица, се потстрижуваат до гола глава или пијат сок од домат. На кратко - на своите снимки тој бара од сите да се понижат. 

Себеси се нарекува "рускиот Спилберг" и убеден е дека на овој начин ја покажува слабоста на општеството. 

"Јас не ги осудувам тие луѓе. Верувам дека имаат проблеми поради кои прифаќаат да направат одредени работи. Не знам што би направил ако ги имам истите проблеми како и тие", ја пренесува Daily Mail неговата изјава. 

Уште едно видео покажува како тој седи во својот мерцедес, а потоа сопира пар и ги прашува колку ќе чини тој да има секс со девојката, а момчето да чека да завршат. 

Им понудил 2.000 евра, но момчето му се заканило со ќотек. Но, најлошиот дел од приказната допрва доаѓа - момчето се премислило, па почнало да преговара за цената. 

Тоа видео е прегледано речиси 2.000.000 пати, а ни останатите не заостануваат, бидејќи очигледно Русите сакаат да гледаат понижување. 

„Да се биде претприемач значи да најдеш начин да направиш нешто, а не да најдеш изговор“ – Втора епизода од поткастот „Гласот на МААА“

Вториот поткаст на „Гласот на МААА“ на Македонско-Американската Алумни Асоцијација (МААА) носи наслов „Младите и можностите за претприемништво“.

Дали земјава има потенцијали за претприемништво на младите, ако знаеме дека сме лидери со младинска невработеност? Со таа дилема започна вториот поткаст кој го модерираше Ана Зафирова, новинарка и членка на МААА. Заедно со неа во поткастот учествуваат и Моника Ризовска Таневска, претседателка на Women in Tech Macedonia и ко-основач на Ways2Help и Данчо Димков, претприемач, автор на претприемничка литература, основач на неколку компании а, меѓу нив Bizz Bee Solution.

Низ своите инспиративни лични приказни соговорниците го приближија претприемничкиот животен пат и искуствата кои ги имале.

„Претприемништвото ми помогна за да си го откријам моето „зошто?“. Низ животот има одредени работи што нè трошат, а одредени што нè полнат. Токму претприемничкиот дух ме принуди да се прашам, што е тоа што ми ја дава енергијата и да сфатам дека сум од оние луѓе кои ги исполнуваат работите со кои оставам импакт, кога правам нешто добро. Со Ways2Help им помагаме на социјално загрозени семејства, и тие мали чекори кои ги правиме, ми помогнаа да се спознаам себе си“ – вели Моника Ризоска Таневска.

Според Данчо Димков претприемничките вештини се учат, но подготвеноста за преземање ризици е таа која турка напред. Затоа тој ги охрабрува младите да влезат во таа приказна, да не бараат оправдувања и изговори, затоа што кога си млад ризикот е помал и учиш.

„Ако сакаш да направиш начин, ќе најдеш начин, ако не сакаш да го направиш, ќе најдеш изговор. Затоа што многу поедноставно е да ја обвинуваме државата или инфраструктурата дека е виновна за нешто, отколку да бидеш претприемач и да најдеш начин како да го совладаш предизвикот. Тоа значи hassle, се обидуваш, заобиколуваш, прекокнуваш проблеми, бараш надворешна помош, со цел да најдеме начин како да ги решиме проблемите и да изградиме подобра заедница за сите нас.“ – вели Димков.

За среќа на честите натпревари, хакатони и акцелератори и Ризовска и Димков гледаат „гладна младина“ која сака да создава и да прави убави работи, но се согласуваат околу предизвикот како таа младина треба да се задржи во земјата и да продолжи да создава тука, дома.

„Сите настани кои ги организираме со Women in Tech Macedonia, се пополнети во најкус рок значи има интерес и ентузијазам“ споделува Ризовска Таневска.  

Се надеваат дека тој интерес ќе биде пресретнат и со погодна клима и веруваат дека знаењата кои тие ги имаат ќе им бидат од полза на идните претприемачи кои ќе треба да извршат влијание и ќе направат општествени промени во нашата земја.

Ова е вториот од серијалот поткасти на МААА, насловен „Гласот на МААА“ во рамките на проектот „Алумни поттикнуваат волонтерство и воннаставни активности“ и е достапен на следниот линк: 

За дополнителни информации, Ве молиме контактирајте со Зорица Трајкова Стрезовска, претседателка на МААА, на email [email protected] или на телефонскиот број 078/29 79 30.

Со почит,

Македонско-американска алумни асоцијација

Трик за сушење алишта кој е вистински хит

Дали се чувствувате како облеката да ви е секогаш влажна во најнезгодните моменти? Методот бурито целосно ги менува работите кога станува збор за сушење алишта.

Нема потреба да чекате со часови за да се исуши вашата маица на воздух или да сонувате за машина за сушење. Сè што ви треба е чист пешкир- колку е подебел, толку подобро!

Овој генијален трик воодушеви многу корисници на социјалните мрежи, а сега е вашата шанса и самите да го испробате. Подгответе се за сушење во рекордно време!

Ова е единственото масло што треба да го јадете!

Дали знаете кое масло е најдобро за вашето срце? Кардиологот Џон Кан од Американската Асоцијација на Кардиолози го има одговорот.

Се работи за органското ладно цедено маслиново масло. Според Кан, доколку ги замените разните путери, маргарини, свински масти и слично со органско ладно цедено маслиново масло, го намалувате ризикот за срцев удар за цели 25 проценти!

Ниедно друго масло не содржи толкава количина на монозаситени масти, кои го намалуваат нивото на холестерол во крвта, тврди Кан, кој е поборник за медитеранска исхрана. Медитеранската исхрана подразбира консумирање на поголеми количини на зеленчук, овошје и јаткасти плодови, како и што поголема замена на црвеното месо со риба.

На прашањето што мисли за кокосовото масло, Кан само кратко одговори дека во медитеранската исхрана не се употребува кокосово масло.

Имајте ги овие информации во предвид следниот пат кога ќе одите да пазарувате, но внимавајте - ладното цедено масло во супермаркетите нема врска со вистинското и кавлитетно органско маслиново масло, кое за жал можете да го купите само од луѓе кои го произведуваат за сопствени потреби, а цената му е неколку стотици евра за само неколку литри!

Популарно