Наум Петрески за новиот бизнис: Сам си ги напишав сите рецепти!

Фолк ѕвездата Наум Петрески минатата недела ја отвори својата гостилница ,,Кај Науме”, лоцирана на улица Киро Крстевски – Платник 22, во Скопје. Популарниот пејач вели дека локалот не го отворил за да има некаква финансиска сигурност на стари години, туку поради тоа што сакал да има едно топло катче со душа, каде ќе се дружи со своите пријатели и сите љубители на неговите песни и на добра храна.

,,Отсекогаш сум бил гурман, но и голем меркалија во кујна. Знам да приготвувам разни специјалитети од риба и месо на најразлични традиционални начини, а моите пријатели се сведоци на сите мајстории во кујна, кои сум ги приготвил за време на наши дружби.

Посебно сум искусен во приготвување на риба, јагула и крап, кои што ги има на менито во гостилницата како специјалитет на куќата.

Главниот специјалитет го нареков ,,Наумче” иако ми предлагаа да направам мени, каде храната ќе ги носи имињата на моите најголеми фолк хиторви. Не знам, можеби наскоро ќе имаме и некоја закуска со име ,,Жал за Деспина”, уште го комплетираме менито” – вели Петрески.

Тој додава дека сите рецепти на менито ги измислил самиот во годините наназад, а поради неговите кулинарски вештини, блиските го споредувале со познатиот британски готвач Џејми Оливер.

,,Моето потекло од Струга ми е од голема важност кога е приготвувањето на риба во прашање. Искомбинирав стари рецепти од моите предци со новитети кои самиот ги осмислував во кујна, но во гостилницата има и се друго покрај рибата. Традиционална подзаборавена македонска храна, скара, разни јадења во тавче…

Сакам гостите да се чувствуваат добредојдени, па и атмосферата се трудев да биде топла, како да си на гости кај стар пријател, а не во обична кафеана” – раскажува пејачот. Лани во декември, тој прослави триесет години на естрада. Има снимено над 350 песни, од кои голем дел станаа хитови и се пејат со години.

Вики Клинчарова

(Фото) Таировиќ само што ја откри врската со телохранителот, а веќе блесна и во луксузна венчаница покрај него

Теа Таировиќ долго време го држеше подалеку од очите на јавноста, иако веќе некое време се во емотивна врска. Тој ѝ го чува грбот и ја следи во чекор затоа што, меѓу другото, тоа му е работа уште од почетокот на нивното запознавање.

Имено, популарната пејачка конечно е среќна во љубовта, а нејзиниот партнер ѝ приреди прекрасно изненадување во пресрет на нејзиниот 28 роденден. Кршниот момок, непознат за јавноста, ѝ подготви балони, конфети и торта со нејзиниот лик, како и цвеќиња. Теа беше доведена до солзи од ова изненадување.

Фотографиите од вљубените гулапчиња можете да ги погледнете кликнувајќи ТУКА.

Но тоа не е сѐ! На социјалните мрежи се појави нова снимка од пејачката и телохранителот, која привлече големо внимание во јавноста.

Теа на фотографијата носи венчаница, поради која многумина помислуваат само за едно – дека венчавката е на видик. Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за снимка од спотот за песна од новиот албум на Теа, а нејзиниот нов партнер, кој го гледаме на фотографијата покрај неа, очигледно ѝ е голем поддржувач во сѐ.

Погледнете:

(Видео) Мајката на Северина со моќна порака го честиташе роденденот на пејачката

Северина Вучковиќ го прослави својот 52-ри роденден, а потоа објави емотивно видео од семејството и пријателите.

Северина на Инстаграм покажа колку за неа е значајна поддршката од најблиските.

Една од најемотивните честитки во видеото кое го објави е онаа од мајката на Северина, Ана, која особено ги трогна нејзините фанови.

„Драга моја ќерко, ти посакувам се најдобро во животот, за твојот 52 роденден и да продолжиме да живееме вака и ти благодарам за се што правиш за твојата мајка. А ти треба да бидеш најсреќната мајка на светот“, рече нејзината мајка барајќи совет и помош од оние кои ја снимиле.

Емотивното видео погледнете го во продолжение:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“

Во книгата „Ова сум јас“, Аца Лукас, меѓу другото, го опиша и својот прв брак. Светлана била првата голема љубов на пејачот, со која основал семејство.

“Цеца цветаше од среќа. Тоа лето во 1991 година отидовме на море. Тоа беше крајот на моето ергенство. Барем така мислев тогаш. Свадбата беше на сплавот “Лукас”. Имаше 200 сватови, моите пријатели свиреа, а јас повремено го земав микрофонот“.

„Денот почна по свадбениот протокол, кој прилично го намалив. Со пријател отидов да си ја пробам среќата на покер апаратите на свечениот ден. Кога се вратив дома, хармоникашот веќе на големо ги веселеше гостите. Пред зградата имаше трубачи, а со нив пееше и мајката на Светлана. Цеца беше во благословена состојба и само се смешкаше“.

“Не се сеќавам на многу детали од свадбата. Знам само дека од некаде се појави една моја бивша девојка од средно и дека се бакнувавме во тоалетот. Жените се чудо. Откако се љубеше со мене, таа и честиташе на мојата сопруга со насмевка за влегување во брачните води“.

„Денес само сфаќам колку кретен бев кон мојата прва сопруга, мојата прва, вистинска љубов. Вистински кретен! Умислував дека мојата сопруга не ме заслужува, дека сум нешто над неа. Таа страдаше. Сега знам дека во тоа време беше жена за мене, тивка придружничка на мојот подем, прекрасна мајка, обожавателка на моите родители.

Популарно