Внимавајте каде паркирате во Охрид

Триесетгодишен скопјанец ограбувал паркирани возила кај туристичкиот комплекс „Св. Наум" и кај „Музејот на вода" во Охрид.

Според информациите на СВР-Охрид против Д.Д. е поднесена кривична пријава за тешка кражба.

Пријавениот, кражбите ги извршил во текот на март и април оваа година.

Д.Д. користејќи подесен алат, но и физичка сила, ги отворал вратите и прозорците од патничките моторни возила сопственост на македонски и странци државјани. Притоа одземал пари, лап-топ компјутери, харддискови, усб стикови, видео камери, облека, обувки, сувенири, спортска опрема, мобилни телефони и кредитни картички.

Со кражбите, пријавениот се стекнал со против-правна имотна корист која дополнително ќе се утврди.

Девојче со тешки телесни повреди пренесено во прилепската болница

Вчера во 09.20 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Прилеп патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(52) удрило во велосипед управуван од малолетничка, двајцата од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип

Синоќа е пронајдено безживотно тело на почината 26 годишна девојка од Кавадарци во куќа во близина на Градската црква „Св Никола“во Штип.

Возила на полицијата и Итна помош биле пред куќата.

Неофицијално девојката била почината пред неколку дена, а според првичните информации таа во куќата живеела под кирија.

Од СВР Штип повеќе детали за настанот најавија за денес.

Тело на мртва 26 годишна девојка пронајдено во куќа каде била под кирија во Штип

Тело, на почината 26-годишна девојка од Кавадараци, е пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип.

Неофицијално, девојката била почината веќе неколку дена, а според првичните информации, таа во куќата живеела под кирија.

Возила на полицијата и на Итната медицинска помош биле пред куќата, а насобраните луѓе се прашувале што се случило.

Од СВР Штип повеќе информации најавија за утре, а увидна екипа е на местото каде што е пронајдена починатата девојка.

Популарно