Планира да поддаде документи за развод: Покрај бранкротот, Бекер и ќе се разведува?

Поранешниот светски рекет број еден, Германецот Борис Бекер (49) сега не се бори само со финансиските проблеми, туку и со љубовниот бродолом кој му се случува. Неговата сопруга Лили (41) планира да ги предаде документите за развод, пренесуваат пријателите на парот.

Исто така, изјавиле дека таа ситуација нема врска со банкротот, туку дека тенисерот и неговата сопруга веќе извесно време имаат проблеми во бракот.

„Не сакам да го коментирам неговиот приватен живот“, рекол портпаролот, а Бекер не сакал да разговара со новинарите.

Тенисерот во бракот со Лили е од 2009 година, а заедно го имаат седумгодишниот син Амадеус Бенедикт . Пред тоа, бил во брак со дизајнерката Барбара (50) со која ги има синовите Елиас (23) и Ноах (27).

Пријатели на славниот тенисер тврдат дека неговата сопруга Лили, бивша манекенка, сериозно размислува за развод и дека во последно време се повеќе време минува во родната Германија, отколку во нивниот дом во Лондон. Нивниот брак, наводно, имал проблеми од порано, велат познаниците на Бекер. Новинарите на британскиот весник „Сан“ го затекнале Бекер пред куќата во Лондон и го прашале за разводот а тој луто им се развикал: „Рано ми е, одете си“.

И покрај очигледните брачни несогласувања, двојката била видена како излегуваат од нивната куќа во Вимблдон и со поршето заминуваат да го прослават роденденот на Лили во Сохо во Оксфордшир. Тој деновиве за да ги демантира гласините за разводот објавува разни љубовни твитови, посакувајќи и среќен роденден на сопругата, како и фотографија на која тој ужива во сонцето со Лили, нарекувајќи ја „мојата посебна дама’.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно