Полицаецот што пукаше во двајца малолетници во Струмица ќе одговара за убиство во обид

Внатрешната контрола утврдила дека полицискиот службеник од Струмица неосновано, неоправдано и неправилно употребил средство за присилба- огнено оружје врз 16 и 17 годишните деца од Радовиш, за што му е поднесена кривична пријава за „убиство во обид“.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР во врска со настанот на 11.08.2017 година во Струмица ги изврши потребните проверки и утврди дека полицискиот службеник неосновано, неоправдано и неправилно употребил средство за присилба- огнено оружје врз лицата Д.Т. и А.Г., односно постапил спротивно на одредбите од Законот за полиција, соопшти МВР.

Против полицискиот службеник е поведена дисциплинска постапка пред надлежната комисија во МВР и со решение на министерот Оливер Спасовски полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршувањето на дисциплинската постапка.

„До надлежниот јавен обвинител во Струмица е поднесена и кривична пријава поради основано сомнение дека полицискиот службеник сторил кривично дело „убиство во обид“, предвидено и казниво по член 123 и член 19 од Кривичниот закон на Република Македонија. 

МВР најостро ги осудува обидите за манипулација со овој настан од страна на одредени политички субјекти. За разлика од времето кога раководството на МВР ги криеше злосторствата од јавноста, МВР сега демонстрира максимална транспарентност и професионално работење со цел да обезбеди законите да важат подеднакво за сите“, се наведува во соопштението.

Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип

Синоќа е пронајдено безживотно тело на почината 26 годишна девојка од Кавадарци во куќа во близина на Градската црква „Св Никола“во Штип.

Возила на полицијата и Итна помош биле пред куќата.

Неофицијално девојката била почината пред неколку дена, а според првичните информации таа во куќата живеела под кирија.

Од СВР Штип повеќе детали за настанот најавија за денес.

Тело на мртва 26 годишна девојка пронајдено во куќа каде била под кирија во Штип

Тело, на почината 26-годишна девојка од Кавадараци, е пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип.

Неофицијално, девојката била почината веќе неколку дена, а според првичните информации, таа во куќата живеела под кирија.

Возила на полицијата и на Итната медицинска помош биле пред куќата, а насобраните луѓе се прашувале што се случило.

Од СВР Штип повеќе информации најавија за утре, а увидна екипа е на местото каде што е пронајдена починатата девојка.

Ненадејно почина сопругата на познатиот македонски бизнисмен

Сопственикот на бензинските пумпи МАКОИЛ Мите Јовановски на социјалните мрежи објави дека починала неговата сакана Тања Мојсовска. 

– Почина мојата сакана, ќе биде изложена во црквата СВ.Јован крстител во Бутел од 13:30 до 14:30 понеделник, објави Јовановски вчера на социјалните мрежи.

МВР денеска соопшти дека на 28.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Аеродром била пронајдена почината Т.М.(54) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Популарно