Запознајте го Мајк Илиќ - Милијардерот со потекло од Македонија

Мајк Илич (Михаил Илиевски) е македонски мултимилијардер кој живее и работи во Америка. Роден е во Детроит, а бизнисот го започнал продавајќи пица.

Тој успеал да создаде сопствена продавница која подоцна ја претворил во успешна франшиза наречена „Little Caesars Pizza“ која денес е доста позната и во Америка и во Канада.

Илич е вклучен и во спортот, па така после фантастичната понуда за добивање на „NHL“ франшизата со што ги добил „Detroit Red Wings“, а подоцна ја добил и франшизата на бејзбол асоцијацијта за „Detroiot Tigers“ - и со двете франшизи успеа да направи пари кога „Detroit Red Wings го освои „Stanley Cup“ во сезоната 1996/1997 и 1997/1998 година.

Освен пицеријата, Илич заедно со сопругата ја купија историската зграда на театарот „Fox“ во јули 1987 година, а после реновацијата вредна 200 милиони долари, беше отворена во 1988 година. Во 1993 година Илич го отвора театарот „Second City“ кој се наоѓа веднаш до театарот „Fox“.

Освен бизнисмен, Мајк е и голем филантроп. Една од неговите први филантропски активности беше „The Little Caesars Love Kitchen“, основана во 1985 година. Ресторанот кој патува бил формиран за да ги нахрани гладнитее и да помогне со храна за време на национална катастрофа. Програмата е призната од поранешните претседатели Бил Клинтон, Џорџ Буш и Роналд Реган, и има послужено повеќе од 2 милиони луѓе во Америка и Канада.

Во 2006 година, инспириран од ветеран кој ги изгубил двете нозе во војна, Илич ја основал програмата „The Little Caesars Veterans“ со цел да им овозможи на отпуштените ветерани можност за бизнис. 

„The Little Caesars Amateur Hockey“ програмата основана од Илич во 1968 година има за цел да им овозможи можности на десетици илјади млади луѓе. Не само што програмата им даде насока на голем број исклучително талентирани играчи за да стигнат до „NHL“, туку им помогна на овие играчи да развијат карактер внатре и надвор од теренот.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно