Далибор Костовски: Очекувавме победа над Шкендија, но не вака убедлива

Помладите пионери се единствената генерација која викендов забележа победа во дуелите со екипата на Шкендија. Избраниците на Марковски убедливо го добија дербито против екипата на Шкендија, натпревар кој се одигра на теренот во населбата Јане Сандански. Црвено-црните славеа висока победа со резултат од 4:1. Стрелци на головите беа Трајановски, Мирков, Крстевски и Омерагиќ. Еден од главните играчи во оваа генерација на Вардар е капитенот Далибор Костовски, без кого не може да се замисли дефанзивната линија на Вардар.

-Дадовме се од себе за да победиме, тоа се виде уште од старот на натпреварот кога напаѓавме на противничката половина. Знаевме дека нема да биде лесно да се победи големиот противник, можеби очекувавме победа, но не изразена со висок резултат. Целиот натпревар го имавме под наша контрола, ја надигравме екипата на Шкендија го дадовме максимумот од нас. Многу задоволен од прикажаната игра и од залагањето на моите соиграчи. Ние бевме многу мотивирани и сите игравме како екипа, како што му доликува на нашиот Вардар. Треба само вака да продолжиме, со ваква игра на крајот да ја освоиме лигата и да го израдуваме тренерот Љупчо Марковски. Одлично започна сезоната која е дебитанска за нас во првенството и се надевам дека и понатаму ќе победуваме.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно