Постои надеж за Шумахер!

За многумина надежта дека Михаел Шумахер би можел повторно да биде оној стариот исчезна. Но надежта дека легендата на Формула би можел доволно да се опорави како би имал достоен живот оживеа после "невнимателната" реченица на неговата менаџерка Сабине Кем.

-Во текот на својата кариера Михаел сочува поголем дел од своите болиди, одела и кациги. Во овој момент имаме план да ги претставиме на јавноста во музеј, кој сакаме да го отвориме во чест на неговите успеси, кажа Кем и така разбуди надежта кај бројните фанови на ликот и делот на германскиот генијалец, дека тоа "ние" се однесува баш на него и дека Шуми учевствува во наведените планови без оглед што се уште е на интензивна програма за опоравување.

А мечтаењето, надежта и нагаѓањата се единствено што и преостанува на јавноста со оглед дека семејството на Михаел во строга тајност ги чува сите детали врзани за неговата здравствена состојба.

Шуми со седум титули е најтрофејниот возач во историјата на Формула 1, а тешката несреќа ја доживе на самиот крај на 2013 година на скијање во Франција. И додека во прв момент не се чинеше дека повредата на главата е сериозна, па некои сведоци дури велат дека и зборувал при влегувањето во хеликоптерот, а покасно се покажа дека Михаел има повреди опасни по живот.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно