Искрено со Панчо: Бев толку лут на Бога што сега се срамам и се каам заради тоа.

Колку и да не веруваш во Бог, тогаш кога ќе дознаеш дека член од семејството боледува од рак, го бараш под дрво и под камен за да се молиш да остане подолго дома! За болката, за загубата на неговата мајка, за секојдневната празнина, за љубовта и посветеноста раскажува Панчо во интервјуто на Мама365. Вели дека со лошата вест, се соочил со предизвикот да живее со шок, неверување, тага и лутина одеднаш.

– Бев оптимист како и секогаш во животот, но потајно знаев дека ситуацијата е многу лоша па остана само да се молам на Бога што подолго да сме заедно. Имав многу бес во мене. Цел свет ми беше виновен и бев толку лут на Бога што сега се срамам и се каам заради тоа. Тогаш сфатив дека требаше повеќе да ја почитувам и секој ден да и кажувам дека ја сакам! Не сакав да останам сам на овој свет иако одсекогаш сум се снаоѓал сам, дури и сум ја издржувал мајка ми кога не работела, не за џабе велат дека ЕДНА Е МАЈКА! Ми недостига секој ден! Се би дал само да можам да поразговарам со неа и да ја гушкам бар еден час, вели Панчо.

Солзите се одраз на големата тага. Кога душата е тажна, тогаш тие се одговор на целата болка. Плачат и мажи и жени, плачат и млади и стари. Плачел и Панчо на смртната постела на неговата мајка.

–Оптимист сум по природа, секогаш сум бил! За жал, мајка ми не беше, а во тие периоди и таква болест, духот и одлучноста се многу важен фактор! Изгледа дека беше уморна од животот, но не сакаше да ми признае за да не ме скрши. Беше голем човек и бескрајно сум горд на неа што ме израсна и воспита во човек каков што сум! На крај, во последните денови, кога се веќе мирисаше на неубавиот крај, ја фатив за рака додека бев кај неа во болница и за прв пат заплакав прашувајќи ја: Мамо, што ќе правам без тебе, те молам не ме оставај! Сме победиле многу работи заедно, знам дека ќе победиме и овојпат, нели сме тим? Таа само ме стисна за раката, ми се насмевна, онака мајчински како што само таа знаеше, секогаш смирено и позитивно и ми рече: Буци мој, па јас сум презадоволна од животот, доста ми е веќе, уморна сум! Горда сум на тебе и на сестра ти, среќна што имам вакви деца. Чувајте се вие, јас ќе се одморам и ќе ве гледам и чувам одозгора! Никогаш нема да се разделиме, секогаш ќе бидам со тебе, тоа ти го ветувам!

Кога ми го кажа, тоа не сакав да биде така, но секој нејзин збор остави длабока трага и лузна во моето срце и душа! Излегов од болницата и само знам дека седев во автомобилот можеби еден час не знаејќи каде сум, дали сонувам или се е тоа јаве…

Целото интервју прочитајте го ТУКА

(Фото) Таировиќ само што ја откри врската со телохранителот, а веќе блесна и во луксузна венчаница покрај него

Теа Таировиќ долго време го држеше подалеку од очите на јавноста, иако веќе некое време се во емотивна врска. Тој ѝ го чува грбот и ја следи во чекор затоа што, меѓу другото, тоа му е работа уште од почетокот на нивното запознавање.

Имено, популарната пејачка конечно е среќна во љубовта, а нејзиниот партнер ѝ приреди прекрасно изненадување во пресрет на нејзиниот 28 роденден. Кршниот момок, непознат за јавноста, ѝ подготви балони, конфети и торта со нејзиниот лик, како и цвеќиња. Теа беше доведена до солзи од ова изненадување.

Фотографиите од вљубените гулапчиња можете да ги погледнете кликнувајќи ТУКА.

Но тоа не е сѐ! На социјалните мрежи се појави нова снимка од пејачката и телохранителот, која привлече големо внимание во јавноста.

Теа на фотографијата носи венчаница, поради која многумина помислуваат само за едно – дека венчавката е на видик. Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за снимка од спотот за песна од новиот албум на Теа, а нејзиниот нов партнер, кој го гледаме на фотографијата покрај неа, очигледно ѝ е голем поддржувач во сѐ.

Погледнете:

(Видео) Мајката на Северина со моќна порака го честиташе роденденот на пејачката

Северина Вучковиќ го прослави својот 52-ри роденден, а потоа објави емотивно видео од семејството и пријателите.

Северина на Инстаграм покажа колку за неа е значајна поддршката од најблиските.

Една од најемотивните честитки во видеото кое го објави е онаа од мајката на Северина, Ана, која особено ги трогна нејзините фанови.

„Драга моја ќерко, ти посакувам се најдобро во животот, за твојот 52 роденден и да продолжиме да живееме вака и ти благодарам за се што правиш за твојата мајка. А ти треба да бидеш најсреќната мајка на светот“, рече нејзината мајка барајќи совет и помош од оние кои ја снимиле.

Емотивното видео погледнете го во продолжение:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“

Во книгата „Ова сум јас“, Аца Лукас, меѓу другото, го опиша и својот прв брак. Светлана била првата голема љубов на пејачот, со која основал семејство.

“Цеца цветаше од среќа. Тоа лето во 1991 година отидовме на море. Тоа беше крајот на моето ергенство. Барем така мислев тогаш. Свадбата беше на сплавот “Лукас”. Имаше 200 сватови, моите пријатели свиреа, а јас повремено го земав микрофонот“.

„Денот почна по свадбениот протокол, кој прилично го намалив. Со пријател отидов да си ја пробам среќата на покер апаратите на свечениот ден. Кога се вратив дома, хармоникашот веќе на големо ги веселеше гостите. Пред зградата имаше трубачи, а со нив пееше и мајката на Светлана. Цеца беше во благословена состојба и само се смешкаше“.

“Не се сеќавам на многу детали од свадбата. Знам само дека од некаде се појави една моја бивша девојка од средно и дека се бакнувавме во тоалетот. Жените се чудо. Откако се љубеше со мене, таа и честиташе на мојата сопруга со насмевка за влегување во брачните води“.

„Денес само сфаќам колку кретен бев кон мојата прва сопруга, мојата прва, вистинска љубов. Вистински кретен! Умислував дека мојата сопруга не ме заслужува, дека сум нешто над неа. Таа страдаше. Сега знам дека во тоа време беше жена за мене, тивка придружничка на мојот подем, прекрасна мајка, обожавателка на моите родители.

Популарно