Не сака да вечера, пие коктел, но една работа на многумина нема да им се допадне - ова е тајното мени на Путин

Путин многу патува ширум светот. Тоа што го јаде за време на патот е сосема друга приказна. 

Доволно е човек да фрли брз поглед на фотографијата на рускиот лидер за да признае дека Путин во 65- та година од животот прилично е во добра форма во однос на своите врсници. 

Во што е неговата тајна? Одговорот до некаде се крие во исхраната. Руската јавност секогаш е желна да дознае што јаде претседателот Владимир Путин,а "Russia Beyond" ви го открива тајното претседателско мени. 

Претседателскиот појадок: 

Путин за појадок јаде каша со мед, и пие јајца од препелица.Исто така Путин сака да пие сок од рен и цвекло. 

Рускиот претседател на новинарот од "Russia Beyond" во една прилика му открил една тајна. 

- Не можам да посветам многу време на исхртаната. Сакам зеленчук, домат, краставица, зелена салата. наутро сакам да изедам една лажица свежо сирење и мед. Ако можам да бирам межу месо и рива, 

ќе изберам риба, но сакам и јагнешко, рекол Путин и додал дека не е човек кој сака слатко, иако од време на време јаде и сладолед. 

Исхрана за време на пат: 

- Кога сум на пат, сакам да пробам домашна кујна, Навикнав на зелен чај... Обично не вечерам, немам време за тоа. Попладне се трудам да јадам овошје и да се напијам кефир кога е тоа возможно, а кога не е, не јадам ништо, вели Путин.

Што пие Путин?

Во 2010 година готвачот на Кремиљ рекол дека Путин пие посебен коктел со тој коктел ги нагостува неговите гости за време на службените приеми: многу лед, малку сок од лимон, нане и 50 грама шампањ. Говачот вели дека овој пијалок ја гаси жедта. 

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно