(ФОТО) ХОРОР ВО СРБИЈА: Со нож ја заклал сопругата три недели откако му родила бебе, умрела пред очите на две деца

Билјана М. (30) вчеравечер околу 19 часот била убиена од својот сопруг, Синиша Р. (50) во Панчево, само три недели откако тие станале родители.

Откако го сторил ова грозоморно дело Синиша бил приведен, а нивното бебе старо околу 20 дена веднаш било земено од страна на лица од Центарот за социјална работа. Хоророт се случил пред очите на 12-годишно девојче, ќерка од првиот брак на Билјана.

По една расправија во нивниот дом, Синиша, кој најверојатно бил во алкохолизирана состојба, посегнал по кујни нож и неколку пати ја прободел Билјана во вратот и градите.

На Фејсбук тие редовно објавувале заеднички фотографии на кои може да се види венчаниот прстен на Билјана, но повеќе од очигледна и е разликата во години на парот.

Како што наведуваат медиумите од соседството, Синиша веќе бил осудуван за насилни дела во минатото, му била изречена и казна – куќен притвор, а соседите на парот претпоставуаат дека како еден од мотивите за ова дело била неговата огромна љубомора.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно