(ВИДЕО) Кој и зошто ги „изнајмил“ хулиганите од Сплит? На крајот, баш Хрватите најмногу настрадаа

Фракцијата „Вандал Бојс“ решиле да увезат тепачи од Хрватска, за да може да ја превземат власта на трибината од групата „Алкатраз“

Навивачката фракција „Вандал Бојс“ патентираа нов начин за тепање на трибините, увезувајќи тепачи од Хрватска за да може да ја добијат „битката“ за превласт на Јужна трибина, каде што се најверните навивачи на Партизан. 

Во тепачката на „Југ“ учествувале дури шестмина хрватски државјани, кои специјално за дербито против Црвена Звезда пристигнале во Белград. Интересно е тоа што тие шестмина дури и воопшто не биле навивачи и не ги интересира фудбалот. Се работи за кик-боксери, како и луѓе кои работеле како обезбедување. 

Сите овие требало да им помогнат на навивачката фракцвија „Вандал Бојс“ во обидот да се превземе превласта на трибината од актуелните владители „Алкатраз“. Сепак планот не испадна како што посакувале. Во тепачката најлошо поминале А.Ф. и Д.Т. двајцата 26-годишни од Сплит, кои едвај спасија жива глава. Д.Т. бил познат боксер кој едно време бил и првак во Хрватска. Потоа решил да се префрли во ММА борбите. 

И покрај тоа што добро ги познавал борачките вештини, тоа не му помогнало да се спаси од многу поголемиот број на навивачи на Партизан, предводени од фракцијата „Алкатраз“. На Д.Т. му биле искршени речиси сите заби, а му биле откинати и делови од увото и од носот. Вториот повреден, А.Ф. има нагмечување на мозокот, контузија на главата, тешка повреда на раката... Двајцата повредени воопшто не ни биле навивачи, но затоа А.Ф. кој бил познат како „бодигард“, бил претходно познат на полицијата во Хрватска, поради тепачки и други насилства. 

Прашање е како еден ММА борец и „бодигард“ од Хрватска завршиле на трибината кај што се најверните навивачи на Партизан. Стотина хулигани од фракцијата „Вандал Бојс“ сакале на овој меч да ја превземат власта на трибината, па побарале помош и од надвор. Освен Хрватите, тие активирале хулигани и од Грција и од Бугарија. 

Нападот се случил организирано, кога хулиганите на „Вандал Бојс“ со засилувањата од странство почнале да тепаат се што им е при рака на трибината. Стигнале до половина од трибината, кога се расчуло дека се работи за „Делии“, па навивачката група на „Алкатраз“ поддржана од сите останати фракции, решија да направат контра напад.

Многу побројните навивачи на Партизан успеаа да ги потиснат напаѓачите и започна бруталното тепање, а најмногу настрадале токму Хрватите. Идејата на „Вандал Бојс“ за тоа со изнајмени хулигани да бидат главни на „Југ“, заврши неславно.

На крајот вкупно 26 лица биле повредени, а се споменува дека еден од повредените е и Македонец. 

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно