Колку, како и зошто Македонците купуваат апартмани во Грција

Едно е сигурно – тешко се враќаат старите имоти, но многу лесно македонските државјани може да купат нов имот во Грција по поволни цени. Неколку годишната криза ги урна цените на недвижностите, а интересот за парче грчка земја со поглед на море кај Македонците се повеќе расте. Тоа го овозможуваат најновите законски измени во Грција со кои на странски државјани им се дозволува да бидат сопственици на недвижен имот во соседните земји, без разлика дали се или не се членки на Европската унија.

Интересот особено е зголемен откако се појавија и шпекулации дека новата грчка Влада може да изврши измени врз ваквиот закон. Токму поради ваквиот притисок кај "граничните купци", посредниците кои заработуваат процент тријат раце и се надеваат дека интересот на Македонците допрва ќе расте, со оглед на тоа дека цените на одделни апартмани кај јужниот сосед се за некое евро поевтини од оние на Охридското езеро.

- Интересот сега е огромен, бидејќи цените се многу ниски. Кризата си го направи своето, па апартманите се продаваат како алва. Најчести клинти се скопјаните со бугарски пасош, кои купуваат парцели во Катерини. Македонците со европски пасош почесто се одлучуваат за купување на имот во Грција бидејќи документацијата така е поедноставна, а и данокот, ни рече Вангелиос, агент за недвижности., при тоа додавајќи дека потребно е да имате пасош и да сте влезени легално во Грција во моментот кога ќе го вршите купувањето.

Ќе треба да извадите даночен број, кој ви е неопходен за да може потоа да вклучите струја и вода, но и други услуги како интернет и телефон. Агентите за недвижнини вообичаено наплаќаат околу 2 отсто од вкупната сума на станот, но тоа не е некаква законски фиксна сума и се смета дека може да се преговара и за помал процент. На сумата за станот се плаќа дополнително и данокот на трансфер на недвижноста, обично е околу 10 отсто од вредноста на станот или на земјиштето. Доколку купувате стан во нова зграда, односно изградена по 2006 година, се плаќа вообичаениот данок на додадена вредност, но за постарите станови се плаќа овој данок на трансфер.

Потпишаниот договор треба да се заведе во катастар, процедура за која се плаќа околу 0,75 отсто од вредноста на станот. Секоја година на станот се плаќа новиот данок за недвижнини, кој е поделен на пет рати, а цените варираат од големината на станот и од луксузноста на населбата (дел од информации се превземени од Утрински)

На првиот и вториот крак се продаваат убави градежни парцели и за 50 евра квадрат. Апартманите пак, во зависност од локацијата и урбанистичкиот план се движеле од 400 до 1000 евра квадрат.
Слични се цените и на парцелите и апартманите на Халкидики, кои во зависност од тоа колку се блиску или далеку од море се движат од 800/900 евра па нагоре.

Според агентите најатрактивни туристички места за Македонците се Ханиоти, Пефкохори, а под Олимп во Платамона. Така, куќи на одлична локација на море се продаваат за околу 100.000 евра, додека апартман на Халкидики од 85 квадратни метри е 85.000 евра. По интернет страниците на кои се огласени парцелите и вилите кои се продаваат се наоѓаат апартмани и по 50 илјади евра.

На 250 метри оддалеченост од плажа, во Ханиоти апартманите од 50 квадрати се шиткаат и за 40 илјади евра. Апартман во Сивири, 40 квадратни метри со балкон чини околу 45 илјади евра, додека пак 70 квадратни метри во вила во Калитеа чинат околу 60 илјади евра. Малку поскапи се становите во Пефкохори чиј квадрат е проценет на 1500 евра, исто колку кај нас квадрат стан на Водно. Стан од 80 квадрати, со поглед на плажа и базен за сите станари се продава за 140.000 евра. Во пределот под Олимп, на само 100 метри од плажа, интернет-порталите за продажба на недвижности нудат апартмани од 40 квадрати за само 40.000 евра.

Што се однесува пак до островите, цените се поевтини. На грчкиот остров Крит, вила која е приспособена да биде хотел на 100 метри од плажа се продава за 140.000 евра. Но и покрај ваквите ниски цени, има и такви кои бараат луксузни вили со цени над 2000 евра квадрат. Ваквата навала на "луксуз", според агентите е поради тоа што порано не секој можеше да купи ваква вила за таа цена. Повеќе не се чека по една година за согласност од грчките власти, па до овој луксуз , нормално доколку ги имате парите се стигнува за само 20-тина дена.

Со 250 илјади евра добивате и дозвола за престој
Впрочем, ако се одлучите да инвестирате над 250.000 евра во Грција, имате право да добиете и дозвола за престој. Независно дали се работи за бизнис-инвестиција или за купување недвижности во висина од над 250.000 евра, добивате можност да аплицирате и да добиете без проблем дозвола за престој во Грција која важи пет години. Со оваа дозвола може непречено да престојувате во Грција, за разлика од ограничувањето од 90 дена во едно полугодие, какви што се сега правилата на Шенген-зоната за Македонија.

Газда на хотел за 30 илјади евра годишно!


Оние пак кои не сакаат да купат имот за уживање и одмор, туку со новиот закон сакаат да ќарат некој денар изнајмуваат хотели или вили за кои плаќаат на годишно ниво и кои подоцна ги рентаат. Хотел на само 40 километри од Солун и на сама плажа, во областа Неа Потидеа се рента за 30 илјади евра годишно.

Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани

Пред 17 години, Славиша Јовановиќ од околината на Ниш ја продал својата нива на општината за да се прошират гробиштата. Бидејќи парите не биле уплатени во целост, тој ја тужел општината. По десет години постапка, судството наместо пари му ја враќа нивата но со телата на 150 закопани. Во проблем се нашло и самото село бидејќи „новиот сопственик“ на гробиштата не е овластен да организира погреби.

„Едноставно не можам да го поднесам ова. Се ми е толку непријатно што не можам да спијам навечер“, кажал Славиша Јовановиќ за n1.

Претседателот на Советот на судот, Жарко Рајковиќ, навел дека градот не ја исплатил целата сума, па „затоа настанал проблемот“.

Тој вели дека очекува Владата да ја купи оваа парцела и покрај судската пресуда, бидејќи е невозможно да се врати во првобитната состојба.

Апелациониот суд всушност одлучил да укине две пресуди на Основниот суд во Ниш со кои е одлучено да му се исплати остатокот од парите, а местото да остане гробишта. Наместо тоа, Јовановиќ вели дека платил 180.000 динари (1.538 евра) за Апелациониот суд „да му го врати тоа што е негово“.

Претседателот вели, работат на решение а сопственикот на 150 гробови дека ќе почека до крајот на месецот.

Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите

Во Нови Сад попладнево граѓаните се собраа пред Основното јавно обвинителство и судот каде бараа ослободување на локалниот политичар и активист Миша Бачулов.

Тој е меѓу 14-те приведени по демонстрациите поради трагедијата во Нови Сад на Железничката станица, јави дописникот на МИА од Белград.

Протестот го организираше опозициската група граѓани „Мишини херои“, чиј лидер, член на градското собрание, Миша Бачулов е во притвор.

На повик се одзваа стотина граѓани, активисти, народни и покраински пратеници, како и одборници во парламентот во Нови Сад. Некои од нив носеа маици со порака „Слобода за сите“.

Претставникот на здружението „Биди херој“, Душан Милисављевиќ побара сите уапсени да бидат ослободени и судовите да работат чесно, согласно законот и без притисоци.

-Сите неправедно затворени ја имаат нашата поддршка, сакаме слобода за сите неправедно затворени и сакаме судот да работи независно, без притисоци, рече тој.

Тој додаде дека протестот бил организиран полуспонтано и без намера да блокира нешто, но ги покани граѓаните да ги следат социјалните мрежи во следните неколку дена, бидејќи постои план за понатамошно дејствување и список на акции што ќе се реализираат.

Миша Бачулов е уапсен по протестот во Нови Сад, бидејќи наводно истурил фекалии пред Градското собрание, на протестот одржан во вторник на 5 ноември.

Кога беше објавено дека не се работи за фекалии туку за вода од водоводот во Зрењанин, Бачулов по 48 часа минати во притвор е пуштен на слобода.

Тој повторно беше уапсен во петокот на 8 ноември, а 30-дневен притвор му е одреден и на поранешниот потпретседател на Владата на Војводина, Горан Јешиќ.

Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад

Српскиот премиер Милош Вучевиќ синоќа изјави дека должност и одговорност на владата е да не дозволи атмосферата на анархија да се прошири од социјалните мрежи на улиците, а очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад, пренесе Бета.

На состанокот на Главниот одбор на владејачката Српска напредна партија (СНС) Вучевиќ додаде дека обврска и одговорност е да не се дозволи некој да ја пали, уништува и урива државата и општеството затоа што е бесен и лут.

-Многу граѓани се разочарани и исплашени. Некои се дури и лути. Но, тоа не значи дека треба да си ја урнеме куќата, да ја запалиме.

Дотолку повеќе што одговорноста на СНС е најголема затоа што доби најголема поддршка од граѓаните, нагласи Вучевиќ.

Вучевиќ, кој е и претседател на СНС, по седницата изјави дека во наредните денови очекува уште оставки.

Тој додаде дека на Претседателството на партијата се разговарало за конкретни имиња кои треба да сносат политичка одговорност, јави ТВ Н1.

-Кога велиме дека очекуваме од нашите членови политички да се борат, тоа не значи дека некој некого аболира или амнестира од кривично-правна одговорност, или од политичка одговорност, рече Вучевиќ.

Како што наведе, кога кажуваат дека мора да ја спасат државата, тоа значи дека на несреќа не можеме и не смееме да ја уништиме државата.

Запрашан дали на состанокот на раководството на СНС се разговарало и за конкретни имиња кога станува збор за оставки, на кои тој и Вучиќ претходно инсистираа, тој одговори потврдно.

-Што се однесува до одговорноста, на претседателството разговаравме конкретно и со имиња. Очекувам дека во наредните денови уште некои луѓе ќе сносат политичка одговорност за тоа што се случи.

Станува збор за луѓе кои се членови на претседателството и на извршната власт очекувам уште оставки, нагласи тој, пренесе Бета.

Популарно