После повеќе од две години врска, Филип Живојиновиќ ја вери Александра Пријовиќ! Филип испланирал се внимателно, па сочекал да стигнат во Америка каде целосно ќе се посветат еден на друг и каде нема да има премногу гужби и притисок.
Александра го изговори судбоносното „Да“, во Мајами, а на нејзината десна рака блеснал огромен дијамант.
Како што пренесуваат медиумите, Филип за прстенот искеширал околу 20.000 евра, купен е во престижната јувелирница, а веста за веридбата ги шокираше и нивните најблиски луѓе.
Инаку, Александра и Филип ќе се венчаат оваа година, а свадбата ќе биде организирана во Белград, за да сите нивни блиски би можеле да присуствуваат на нивниот најрадосен ден.