Уште едно детенце почина на Детската клиника во Скопје

Две и пол годишно дете почина на Клиниката за детски болести, каде цела недела го лечеле од грип. Директорката тврди дека детето имало посериозни заболувања.

Две и пол годишно машко дете од Штип викендов починало на Детската клиника во Скопје, потврдија оттаму за Алфа. Веќе една недела детето се лекувало од грип, но имало и сериозни проблеми со белите дробови, рече во телефонска изјава директорката Катерина Ставриќ, која не сакаше да зборува во камера. 

Директорката рече дека детето имало и повеќе сериозни заболувања со кои периодов се измачувал неговиот организам, а се соочувал и со пневмонија.

Во меѓувреме преку соопштение се огласија од Клиниката за детски болести.

- Пациентот Ј.Ц, роден 2015 година е примен на Клиниката на 7 јануари во тешка состојба, со покачена телесна температура и наод кој одговара на акутна бронхопневмонија. Хоспитализиран е на Одделот за пулмологија од каде во неколку наврати поради влошување на состојбата бил лекуван и на Одделот за Интензивна нега и терапија. Лабораториски за време на престојот е докажана инфлуенца Б, велат од Клиниката за детски болести.

Од Клиниката велат дека доцна синоќа дошло до нагло влошување на состојбата на детето и тоа било преместено во Одделот за Интензивна нега, но сите обиди за реанимација останале без успех.

- Инаку се работи за пациент со Даунов синдром, кај кој по раѓањето е дијагностицирана хипотиреоза и Вест синдром - тешко неврололошко нарушување кое предизвикува епилептични напади поради кои пациентот прима редовна антиепилептична терапија. Во текот на минатата година Ј.Ц бил во неколку наврати лекуван на Клиниката за Детски болести од пролонгирана и комплицирана пневмонија, велат од Клиниката. 

Родителите на починатото дете, како што рече директорката на детската Клиника, не сакале да се направи обдукција.

Во меѓувреме Клиниките низ цела држава се соочуваат со сериозен недостаток на медицински кадар. Докторите постојано заминуваат на работа во странство, но и во приватните клиники, додека на местото на пензионираните медицински сестри и доктори, не се вработуваат нови кои ќе ги заменат. 

И додека власта размислува каде да го изгради новиот Клинички центар и да ги подобри условите за лекување, болниците постојано голтаат човечки животи, а ситуацијата низ цела држава станува се поалармантна. 

Пронајдено безживотно тело на 26 годишна девојка во куќа во Штип

Синоќа е пронајдено безживотно тело на почината 26 годишна девојка од Кавадарци во куќа во близина на Градската црква „Св Никола“во Штип.

Возила на полицијата и Итна помош биле пред куќата.

Неофицијално девојката била почината пред неколку дена, а според првичните информации таа во куќата живеела под кирија.

Од СВР Штип повеќе детали за настанот најавија за денес.

Тело на мртва 26 годишна девојка пронајдено во куќа каде била под кирија во Штип

Тело, на почината 26-годишна девојка од Кавадараци, е пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип.

Неофицијално, девојката била почината веќе неколку дена, а според првичните информации, таа во куќата живеела под кирија.

Возила на полицијата и на Итната медицинска помош биле пред куќата, а насобраните луѓе се прашувале што се случило.

Од СВР Штип повеќе информации најавија за утре, а увидна екипа е на местото каде што е пронајдена починатата девојка.

Ненадејно почина сопругата на познатиот македонски бизнисмен

Сопственикот на бензинските пумпи МАКОИЛ Мите Јовановски на социјалните мрежи објави дека починала неговата сакана Тања Мојсовска. 

– Почина мојата сакана, ќе биде изложена во црквата СВ.Јован крстител во Бутел од 13:30 до 14:30 понеделник, објави Јовановски вчера на социјалните мрежи.

МВР денеска соопшти дека на 28.04.2024 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Аеродром била пронајдена почината Т.М.(54) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Популарно