Калина и Александар починале во рок од еден час, тврди судска медицина од Солун

На врвот Кајмакчалан, смртта настапила прво кај планинарката Калина Велеска, а еден час подоцна починал Александар Миновски. Времето на смртта е од извештајот за обдукција направен во солунскиот институт за судска медицина. а за Телма ги потврди форензичарот Леонидас Мармалакис.

Миновски Александар, 10-ти февруари, околу 11 часот навечер. Тоа е заведено како време на смрт, рече Мармалакис.

Телма:-За Калина?

Мармалакис: Истиот ден околу 10 (22) часот.

Обдукцијата утврдиле дека причина за смртта е смрзнување, потврди форензичарот од судска медицина во Солун.

Во грчкиот институт не ни одговорија дали двајцата планинари имале други повреди и  скршеници, бидејќи во полицискиот извештај кој го објави Телма во понеделник стоеше дека Александар бил најден во 22 часот во свесна состојба, а спасувачите се обиделе со ремен да го извлечат но тој им паднал во подлабока бездна и не можеле да го пронајдат.

Еден час по неуспешното спасување, Александар починал – утврдиле во солунската судска медицина.

Истрага на скопско обвинителство и оддел за насилен криминал на СВР Скопје

Десет дена по веста за трагедијата, скопското јавно обвинителство утрово соопшти дека отвораат истрага која ќе ја води секторот за насилен криминал во скопската полиција. Ќе се проверуваат три работи.

-Федерација на планинарски спортови по однос на тоа кој, кога и како ја организирал планинарската експедиција, кои се потребните услови за таква организација и дали тие биле исполнети, како и други околности.

-Планинарското друштво „Трансверзалец“, нивните акти и одлуки врз основа на кои се организираат планинарските експедиции, потребните услови што треба да се исполнат, како и околностите под кои се спроведувало искачувањето на Кајмакчалан.

-Треба да бидат обезбедени и листинзите на појдовни и дојдовни повици од мобилните телефони на починатите планинари.

Обвинителството не соопштува што ќе прави со обдукцијата и со истрагата на грчката полиција. Во солунскиот институт за судска медицина велат дека сега се прават токсиколошки анализи кои се долги и дека конечниот извештај ќе биде готов дури за неколку месеци.

Телма: Кога ќе го завршите извештајот? Кога ќе го пратите на полицијата?

Мармалакис: Треба најмалку 3 до 4 месеци.

Калина Велевска и Алексндар Миновски почина при искачување на врвот Кајмакчалан, а досега никој не презеде одговорност за трагедијата.

Миомир Серафиновиќ

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно