Гласините повторно започнаа: Дали доаѓа крајот на третиот брак на Ким Кардашијан?

Откако по трет пат станаа родители, гласините велат дека Ким Кардашијан се разведува од Канје Вест.

Реалити ѕвездата и раперот се во брак од 2014 година и имаат три деца – 4-годишната Норт, 3-годишниот Сејнт и малата Чикаго Вест која ја добија пред само два месеци. 

 

Baby Chicago

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Но, светските медиуми сега наведуваат дека Ким повеќе не може да излезе на крај со својот “сопруг од пеколот”.

 

family

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

“Најблаго речено, животот со Канје е тежок и Ким е веќе уморна од него. Тој воопшто не ѝ помага околу децата, има чести изливи на бес и станал зависник од таблети без кои речиси и не може да функционира. Откога Чикаго се родила, неговите напади станале сè посериозни и почести. Ким поради тоа често се запрашува дали нејзиниот живот би ѝ бил полесен без него”, изјавил извор близок до старлетата.

 

Easter 2017

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Додека Ким и Канје мудро молчат за сè, гласините за нивниот развод не одат во прилог на тоа дека познатата Кардашијанка во текот на неодамнешната посета во Јапонија ја промовирала новата колекција на модниот бренд на Канје – Yeezy.

 

👅

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Доколку можеме да им веруваме на гласините, станува збор за развод “тежок” една милијарда долари, а за Ким ова ќе биде трет развод. За потсетување, старлетата од 2000 до 2004 година беше во брак со британскиот музичар Дејмон Томас, а судбоносното “да” повторно го кажа во 2011 година пред кошаркарот Крис Хамфрис со кој беше во брак цели 72 дена.

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно