Лекар од Македонија: Заминувам за Германија за плата што овде можам само да ја сонувам

Според податоците на Лекарската Комора, од 220 студенти кои завршуваат медицина во Скопје, дури 173 бараат да одат да работат во странство.

Еснафските здруженија алармираат дека ако продолжи овој тренд, за неколку години ќе нема доволен број на матични лекари и педијатри за најмладите. Здруженијата бараат да  добијат повеќе пари и подобри услови за да можат да го задржат кадарот во државата. Од Комората предупредуваат дека старосната граница кај матичните е 59 години.

Додека Министерството за здравството објавува огласи за ангажирање лекари во скопските клиники и болници, повеќето од македонските специјалисти со работно искуство повеќе од 20 години го фаќаат авионот за Германија, како една од најатрактивните дестинации за работа и доусовршување.

Според информациите, почетничка лекарска плата за 42 часа неделно во Германија е 4.000 илјади евра, без дежурства и прекувремени часови, а во највисоката платена група се лекарите што имаат над 12 години специјалистички стаж и добиваат околу 6.700 евра. Со дежурства, овој износ значително се зголемува, во зависност од платата на лекарите, па саботно дежурство таму е доста атрактивно, бидејќи за тоа се добиваат по 644 евра.

На овој чекор се одлучу и Катерина од Скопје, доктор по општа медицина, која околу 15 години се занимава со оваа професија. После 15 години, решава да стави крај на работата и живеачката во Македонија. Заминува во Германија.

-Учиш многу. Се жртвуваш. После тоа едвај наоѓаш работа. Работиш во никакви услови и за мизерна плата, со високи казни околу тебе, вели таа.

Наредниот месец таа заминува во Германија заедно со сопругот. Болницата каде што ќе работи и плаќа сместување. Платата ќе и биде далеку повисока отколку во Македонија.

-Нема да жалам за ништо. Знам дека ќе биде тешко на почеток, но тешко е тука. Бев патриот многу време, но не добив ништо. Сакам подобра живеачка за себе и за својата фамилија, вели Катерина.

Овие 3 работи луѓето со години ги чуваат дома, а привлекуваат сиромаштија и кавги

Се верува дека предметите во куќата привлекуваат одредена енергија, а искршените апарати за домаќинство кои не се користат, вештачките цвеќиња и храната со поминат рок, го спречуваат напредокот и среќата на луѓето кои живеат таму, тврдат експертите за фенг шуи.

Фенг шуи е древна кинеска уметност за уредување на просторот во хармонија со природата, а според ова учење постојат работи кои никогаш не треба да се чуваат во куќата. Ако сакате да се подобрите во сите области од животот, отстранете го следново:

Апарати за домаќинство кои не работат

Според експертите за фенг шуи, електронските уреди (телевизор, пегла, фен, фрижидер…) симболизираат сила и моќ. Кога ќе бидат скршени, тоа ќе влијае на вашиот живот во форма на здравствени проблеми, неуспешни љубовни врски или непријатни ситуации на работа. Или поправете ја скршената техника или фрлете ја.

Вештачко цвеќе

Растенијата го симболизираат растот и напредокот, а сувите цвеќиња се сосема спротивно – тие претставуваат стагнантна енергија која ве забавува. Затоа можеби страдате од вашите поранешни љубови, постојано сте уморни, ништо не ви оди како што треба.

Ако сакате цвеќиња, купете саксиско растение бидејќи живо растение симболизира раст. Ако ви се сушат домашните растенија, може да ви биде тешко да станете наутро, немате добри резултати на работа, постојано сте уморни. Посветете им на растенијата повеќе внимание.

Расипана храна

На храната се гледа како на способност на една личност да дава и прима љубов. Затоа, ако фрижидерот ви е полн со храна што се влошила, може да имате проблеми во љубовниот живот. Еднаш неделно проверувајте го фрижидерот и кујнските кабинети и фрлајте се што е скршено. Лековите и козметиката со поминат рок ја симболизираат лошата енергија што ја отежнува физичката и менталната релаксација.

(Фото) Гоце Тодоровски со сопругата Тања прославија роденден на ист ден

Гоце Тодоровски и неговата сопруга Тања на ист ден слават роденден.

Легендата од Македонските народни приказни пред два дена наполни 73 години, а неговата животна сопатничка 69 и заедно го одбележаа овој важен ден за нив.

Тие добија посета од ќерката Сашенка и нејзиниот сопруг Боби.

„Гоце и Тања Тодоровски родени на ист ден - како еден за друг речиси целиот живот го потрошија заедно, а од нивната љубов се изродија синот Гоце и ќерката Сашенка.“

„На 30.4.2024 нашата легенда - Гоце наполни 73 години, а неговата сопруга 69 години. Заедно и во добро и во лошо... па и на овој ден, скромно, но идилично во кругот на семејството! “

„Денес на гости им отидоа ќерката и зетот Боби“ – напиша Горан Марковски, кој ги сподели фотографиите на Facebook фан страница за Ѓорги Колозов.

„Фотографиите ми ги испрати Сашенка. А јас на овие шармантни и убави луѓе им посакувам заедно да влезат во уште многу подлабока старост, со насмеани лица и весели души како што доликува на нашиот македонски актерски доајен Гоце кој цел живот слатко не засмеваше преку малите екрани! Среќен роденден на двајцата!!!“ – дополни Горан.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Популарно