Јас ПРОВИНЦИЈАЛКАТА дојдов да крадам во Скопје

За многумина темата Скопје - провинција е секогаш интересна. Меѓу нив е и Александра Трнковска, девојка која се преселила во Скопје и во својот текст раскажува за животот во главниот град.

Нејзиниот текст насловен како „Јас ПРОВИНЦИЈАЛКАТА дојдов да крадам во Скопје“ беше проследен со низа критики од страна на корисниците на социјалните мрежи, кои препознаа навреди во нејзиниот ироничен текст.

Скопјани коментираат дека она што таа го кажува е бесмислено. Ја обвинуваат дека дури е и безобразна и порачуваат дека ако навистина вака се чувствува, не гледаат причина зошто уште е тука. Дел од коментарите се навистина одраз на револтот кој овој текст го разбуди кај нив.

Целиот нејзин текст, објавен на порталот Трибина, ви го пренесуваме во продолжение.

Јас „ПРОВИНЦИЈАЛКАТА“ дојдов во најголемата, најмодернизираната провинција СКОПЈЕ. Со точно претходнопоставени цели, цели точно скоцкани во главата со намера за одење се по строг редослед и без пропуштање на ниту еден план или детал.

Јас мили мои скопјанки дојдов да „КРАДАМ“. Најпрво кога се симнав од автобус почнав да вдишувам од вашиот „префинет“ воздух, почнав да ги трошам моите провинцијалски пари во вашето Скопје, и во тоа бев подобра од сите вас староседелки Скопјанки со баба од Богданци, Муртино, Кривогаштани… Јас милички не дремев од 12 до 00 часот со чаша вода и еспресо во еден кафич. Во дискотеките си плаќав влезница, не „искачав“ флертувајќи, намигнувајќи на се живо наоколу, пикајќи се во секакви друштва за на крај сметката да биде подмирена и најимпресивно е тоа што ваквите ноќи ги вреднувавте во „тотално незаборавни луди“ … Јас драги скопјанки не паѓав на волшебните реченици може Фб или Инста да се најдеме „Фри стајал“да се забавуваме, имаме ВИП маса и може ли без влезници да средиме некако… За разлика од вашата култура мојата некултура беше поинаква……

Ама јас ПРОВИНЦИЈАЛКАТА дојдов да КРАДАМ! Ви ја украдов работата во време кога сум студентка. За тоа што вие госпоѓици сте толку на крената нога и кренат нос бидејќи било срамота да бидете видени во слаткарница, пекара, да работите во кафичи како келнерки а навечер да се вбројувате во првите„дами“. Да милички вие сте првите дами ама од назад гледајќи и броејќи. Па така вашите родители мораат да живеат на кредити за да ви го обезбедат студирањето, а за личните задоволства сте толку креативи и способни што фраерите ги бирате по нивните автомобили и ги гледате како банкомати, ЈАС, ПРОВИНЦИЈАЛКАТА, ви го украде и презема скопјанчето, И ЗОШТО?! Е баш за тоа што НЕ ме интересираше дали и каков автомобил вози ,колку му е длабок џебот кои му се родители/другари. МИ БЕШЕ МАЛКУ НЕ СЕ ЗАСИТИВ и почнав да КРАДАМ и на културно и интелектуално ниво .Одев по интервјуа за работа независно дали е од областа што ја студирам, собирав искуство, воспоставував контакти, наидов на различни ситуаци и искуства во овој модерен век, се изнаслушав на секакви предлози, наидував на ситуации што само во филм можат да се случат. Анализирав, проучував бев достојна, имав морал, граници, критериуми, го почитував она „провинциалското“, традиционалното, заостанатото од дамнешни времиња каде што се ценеше поговорката „чист образ создава капитал“.

ЈАС ПРОВИНЦИЈАЛКАТА, со диjалектот, со провинцијалските манири, со заостанатата култура ДОЈДОВ точно со целта ЧЕСНО ДА КРАДАМ! А вие ЧИСТИ СКОПЈАНКИ со баби и дедовци од Косел, Кравари, Долно Дупени, Росоман, Оморани, Пеклани, Буково… преземете ги нештата во свои раце, и почнете да гледате во поширок хоризонт, бирајте го потешкиот пат до задоволствата, почнете да ги правите нештата како вистински дами, научете се и вие да се цените а не да ставаат цена на ВАС.

Четвртокот по Велигден е најсреќен во годината

Светата или Велигденска недела се смета за големо и непрекинато славење за Велигден.

Има голем број верувања и обичаи за цела недела, а токму за четвртокот по Велигден се смета дека е најсреќен четврток во годината.

Се смета за среќен и се верува дека на земјата одат само добри небесни суштества и дека сè на луѓето ќе им оди од рака.

Четвртокот по Велигден се започнува работа, дури и ако не ви одела од рака, а можете и да се помолите и сите желби ќе ви се исполнат.

Овие 3 работи луѓето со години ги чуваат дома, а привлекуваат сиромаштија и кавги

Се верува дека предметите во куќата привлекуваат одредена енергија, а искршените апарати за домаќинство кои не се користат, вештачките цвеќиња и храната со поминат рок, го спречуваат напредокот и среќата на луѓето кои живеат таму, тврдат експертите за фенг шуи.

Фенг шуи е древна кинеска уметност за уредување на просторот во хармонија со природата, а според ова учење постојат работи кои никогаш не треба да се чуваат во куќата. Ако сакате да се подобрите во сите области од животот, отстранете го следново:

Апарати за домаќинство кои не работат

Според експертите за фенг шуи, електронските уреди (телевизор, пегла, фен, фрижидер…) симболизираат сила и моќ. Кога ќе бидат скршени, тоа ќе влијае на вашиот живот во форма на здравствени проблеми, неуспешни љубовни врски или непријатни ситуации на работа. Или поправете ја скршената техника или фрлете ја.

Вештачко цвеќе

Растенијата го симболизираат растот и напредокот, а сувите цвеќиња се сосема спротивно – тие претставуваат стагнантна енергија која ве забавува. Затоа можеби страдате од вашите поранешни љубови, постојано сте уморни, ништо не ви оди како што треба.

Ако сакате цвеќиња, купете саксиско растение бидејќи живо растение симболизира раст. Ако ви се сушат домашните растенија, може да ви биде тешко да станете наутро, немате добри резултати на работа, постојано сте уморни. Посветете им на растенијата повеќе внимание.

Расипана храна

На храната се гледа како на способност на една личност да дава и прима љубов. Затоа, ако фрижидерот ви е полн со храна што се влошила, може да имате проблеми во љубовниот живот. Еднаш неделно проверувајте го фрижидерот и кујнските кабинети и фрлајте се што е скршено. Лековите и козметиката со поминат рок ја симболизираат лошата енергија што ја отежнува физичката и менталната релаксација.

(Фото) Гоце Тодоровски со сопругата Тања прославија роденден на ист ден

Гоце Тодоровски и неговата сопруга Тања на ист ден слават роденден.

Легендата од Македонските народни приказни пред два дена наполни 73 години, а неговата животна сопатничка 69 и заедно го одбележаа овој важен ден за нив.

Тие добија посета од ќерката Сашенка и нејзиниот сопруг Боби.

„Гоце и Тања Тодоровски родени на ист ден - како еден за друг речиси целиот живот го потрошија заедно, а од нивната љубов се изродија синот Гоце и ќерката Сашенка.“

„На 30.4.2024 нашата легенда - Гоце наполни 73 години, а неговата сопруга 69 години. Заедно и во добро и во лошо... па и на овој ден, скромно, но идилично во кругот на семејството! “

„Денес на гости им отидоа ќерката и зетот Боби“ – напиша Горан Марковски, кој ги сподели фотографиите на Facebook фан страница за Ѓорги Колозов.

„Фотографиите ми ги испрати Сашенка. А јас на овие шармантни и убави луѓе им посакувам заедно да влезат во уште многу подлабока старост, со насмеани лица и весели души како што доликува на нашиот македонски актерски доајен Гоце кој цел живот слатко не засмеваше преку малите екрани! Среќен роденден на двајцата!!!“ – дополни Горан.

Популарно