Колку интернет се троши со една минута мината на „Јутјуб“?

Иако износот на мегабајти што го трошите од мобилниот интернет за гледање видеа на платформата „Јутјуб“ зависи од квалитетот во кој ја гледате снимката, тој во никој случај не е мал.

Доколку квалитетот на сликата е автоматски прилагоден, тогаш на вашиот телефон ќе трошите над 4 мегабајти во секунда. Тоа значи дека еден час гледање е еднаков на 240 мегабајти, или цел гигабајт по 4 часа. Се разбира, количината на потрошениот интернет зависи од квалитетот на снимката на видеото што го гледате – доколку тој е поголем, ќе ве чини и повеќе мегабајти.

Видео со лош квалитет (240p) троши 1,6 MB во минута, но снимка во висока резолуција (1080p) троши повеќе од 12 мегабајти.

Со автоматското прилагодување на „Јутјуб“, одредено е платформата да ги пушта видеата со резолуција од 480p.

Погледнете колку мегабајти во минута може да ви потроши секоја резолуција за гледање видеа која е достапна на „Јутјуб“:

240p – 1,6 MB

360p – 2,66 MB

480p – 4 MB

720p – 7,4 MB

1080p – 12,4 MB

Инаку, покрај тоа што има автоматско прилагодување, „Јутјуб“ им овозможува на корисниците и самите да го одберат квалитетот во кој во иднина сакаат да ги гледаат сите видеа. Тоа се прави на тој начин што во самата платформа, во опцијата мени се избира можноста select quality, а потоа се одбира посакуваниот квалитет за емитување на видеата (доколку е тој понизок, ќе троши и помалку мегабајти од вашиот интернет).

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно