(ВИДЕО) Копија на нејзината тетка: Внуката на Дијана блесна на свадбата на принцот Хари и Меган, а документарецот за неа пак откри покантни детали

Откако внуката на трагично загинатата принцеза Дајана во саботата се појави на кралската венчавка предизвика бура од реакции и позитивни коментари.

Имено Кити Спенсер е внука на принцезата Даја од нејзиниот брат, а воедно и прва братучетка на принцовите Хари и Вилијам.

Таа на венчавката се појавила во креација потпишана од модната куќа „Долче и Габана“, со кои често соработува.

По нејзиното појавување неизбежни беа и коментарите дека таа многу наликува на нејзината тетка, погледнете.

Кога се зборува и се пишува за кралското семејество, невозможно е да не се спомне принцезата Дајана и нејзиниот принц Чарлс.

Фановите на кралското семејство за Хари и Меган сакаат подолг брак отколку што имаа Дајана и Чарлс, а животот на Дајана и Чарлс и понатаму е жешка тема за која многумина сакаат да знаат нешто повеќе.

Во документарецот “Diana – Story Of A Princess” се наведува дека за времето на бракот, пријателите на Чарли зборувале дека принцезата имала психички проблеми поради трауми од детството. Имено, кога имала седум години, нејзините родители се развеле, а старателството го добил нејзиниот татко.

Пени Џуниор, авторката на биографијата на покојната принцеза, исто така во документарецот изнела тврдења дека Дајана во врска со принцот влегла со ментални проблеми кои подоцна кулминирале со депресија и булимија.

Разводот на нејзините родители наводно бил еднакво драматичен како и нејзиниот развод, а родителите на Дајана по разводот речиси не ни разговарале. Нејзиниот татко повторно се ожени по неколку години, а таа тоа тешко го поднела.

– Имала несреќно детство и сама влезе во несреќен брак, вели Џуниор.

Принцезата Дајана била „ идеална девојка за принцот Чарлс“ во таа доба. Била ќерка на англискиот гроф, имала 19 години и немала момче пред принцот.

Иако на почетокот нивниот брак изгледал како бајка, принцезата подоцна сама признала дека тоа било пекол уште од првиот ден, и дека за време на првата година од заедничкиот живот таа заболела од булимија и депресија. Неколку пати се одидувала и да се убие.

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно