Колку заработуваат кафулињата од секој пијалак?

Леден чај, ладно макијато, нес-кафе, пиво, џус. Ова се некои од најбараните пијалаци во кафулињата во летниот период. А кога е топло, се пие повеќе, но се трошат и повеќе пари. Сте се запрашале ли колку заработуваат кафулињата од секој пијалак?

Еден од производите со најголема заработка е чајот. Кај чајот маржата е 80 проценти. Сепак, зависи и од тоа што послужувате со чајот. Ако е леден, дали ставате некое овошје заедно со него или, пак, кога времето е студено, дали послужувате мед или некое мало колаче, затоа што и тоа се трошоци за угостителот - вели еден скопски угостител.

Вода

Набавните цени на малите шишиња вода почнуваат од 10 денари и се движат до 20 денари, во зависност од марката, а ако седнете во кафуле и порачате вода, во главниот град тоа може да ве чини од 40 до 60 денари. Оттука заработката кај овој пијалак е најмалку двојно од набавната цена, а може да биде и 5-6 пати поголема.

Кафе

Кај кафето има заработка, но треба да ги имате предвид  и трошоци, настрана од она што се става за да се направи кафе. Тоа се трошоците за струја, која е поскапа оти е индустриска. Инаку, еден килограм еспресо кафе на големо се продава од 450 до 1.800 денари, во зависност од видот и марката. Од една ќеса се прават 100-130 кафиња. Така што, во просек, една шоља еспресо кафеанџиите ги чини околу 10 денари.

Пивото и соковите

Познавачите на трговијата со пиво, набавните цени од домашните производители се различни во зависност од тоа дали кафулето има специјален договор со дистрибутерот на таа марка.

Ако имаат договор за ексклузивитет, а тоа значи да го продава само тоа пиво, тогаш набавната цена на стаклено шише од половина литар е од 20 до 25 денари. Тоа значи дека кафеаната го продава само тоа пиво, а од производителот добива фрижидери, чадори и друг вид инвентар. Но, за кафулињата кои немаат таков договор, набавните цени на пивото се речиси исти како и во малопродажба во маркет .

Имајќи ги предвид цените на пивата во кафуле, заработките се движат од 30 денари нагоре. Или се најмалку 100 проценти поголеми од набавниот трошок.

Кај газираните сокови набавните цени почнуваат од 25 денари и одат до 28 денари, па заработката е најмалку двојно поголема од набавната цена, а многу често се случува да биде тројно поголема.

Убави маржи угостителите вадат од природните сокови спакувани во мали стаклени шишенца, од разни производители. Нивните набавни цени се движат од 35 до 47 денари, а цените во објектите се од 100 до 120 денари за шишенце.

Алкохолни пијалаци

Кај најскапиот пијалак, вискито „џони вокер“, набавна цена за една доза- чаша е 40 денари, а во Скопје во кафулињата и во клубовите се продава од 150 до 200 денари .

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно