ВО ВРЕМЕ НА УРБАНА ЏУНГЛА, ИЗБЕРЕТЕ ДОМ ОПКРУЖЕН СО ПРИРОДА

Во време на сообраќаен метеж и урбанистички хаос во главниот град, секој заслужува дом во мирна и урбана средина, каде што може да ужива во динамичното секојдневие.

Населбата Криви Дол е една од новите атрактивни локации, која нуди одлични услови за квалитетен живот за целото семејство, а е вистински избор за сите што сакаат да живеат во чиста и зелена околина, на само 3км од центарот на градот.

Во населбата Криви Дол во тек е изградбата на новиот станбен објект Riverview Residence, најновиот проект на градежната фирма „Бортас“, која има 27-годишна традиција во изведба на станбени објекти наменети за пазарот на недвижности. Објектот Riverview Residence се наоѓа на самиот кеј на реката Вардар, со непречен поглед кон Градскиот парк и Водно, изолиран од градскиот метеж, а сепак близу до центарот на градот.

 Зошто Riverview Residenceе идеалното место за вас и за вашето семејство?

Благодарение на одличната местоположба на објектот, Riverview Residence ги нуди сите услови за пријатен живот во динамичното секојдневие. Една од главните придобивки на локацијата е непосредната близина на Градскиот парк, кој ќе ви овозможи вам и на вашето семејство чист и отворен простор за уживање во физичките активности кои имаат позитивно влијание врз вашeто здравје и развој.

Riverview Residence е граден во согласност со сите светски стандарди со парковски површини во приземјето и зелени тераси на катовите. Тоа што го прави овој објект посебен е модерниот изглед и функционалниот распоред на становите, кои се внимателно решени и приспособени на секојдневните потреби на урбаниот човек.

Со особено внимание и следејќи ги најновите архитектонски трендови, во целокупниот процес на градба се користат висококвалитетни, првокласни материјали и опрема за уредување на внатрешноста на секој стан, а идните сопственици ја имаат можноста да направат сопствен избор на дел од материјалите и опремата по сопствен вкус.

Иако самата околина е мирна и тивка, објектот е со одлична звучна и термичка изолација,што овозможува оптимална заштеда на семејниот буџет. Објектот има енергетска ефикасност од А-класа со сопствен (индивидуален) систем на греење и вграден клима-уред во секој стан. За безбедноста на секој дом е инсталиран и видеонадзор 24/7 и видеофонија, а за возилата се обезбедени надземни и подземни паркинг-места во рамките на сопствената парцела.

Од „Бортас“ велат дека со новата зграда сакаат да понудат еден нов концепт на домување, кој ќе овозможи убаво и пријатно живеење во секој дел од денот. „Одлуката за избор на сопствен дом е навистина важна и токму затоа сакаме на нашите купувачи да им понудиме решение кое ќе им овозможи висок квалитет на живеење за нивното семејство. Riverview Residence е внимателно проектиран објект, кој ги нуди сите овие услови, без притоа да се откажете одживотот во градот и навременото извршување на секојдневните обврски.“

Тимот на „Бортас“ Ве очекува и со задоволство ќе ве води низ целиот процес, од правата одлука до вселувањето. Повеќе информации за Riverview Residenceна следниот линк или на: +389 2 32 27 625 или [email protected]

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно