(ФОТО) Развод за 14 минути: Мустафа е должен на Емина Јаховиќ да ѝ купи куќа или стан од 250.000 евра

Некогаш популарниот и љубовен пар, поп-ѕвезда Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал, ставија точка на деценискиот брак.

Она што најмногу ги интересира медиумите во регионот е кој и колку ќе заработи од разводот.

Како што соопштуваат турските медиуми извор близок до двојката, двајцата се согласија старателството над децата, девет годишниот Јаман и шест годишниот Јавуз, припаднат на мајката, додека таткото ќе може да ги гледа во договорено време. Се додека биде сама, Емина ќе добие месечен надомест за себе од неполни 3.000 евра, а ако повторно влезе во брак, ќе го изгуби правото на него. И тоа ќе биде најважната последица од крајот на оваа голема љубов.

Според другата, поинтересна финансиска сметка, разводот со Емина, Мустафа ќе го чини околу 12.000.000 евра.

На Емина и припаѓаат две третини од прекрасната вила која се наоѓа во богатата област Бејкоз во Истанбул, која ја градеа пет години. Целиот мебел е дизајниран од страна на тимот од „Армани“, а само во бањата се инвестираше 100.000 евра, како мијалници, кади, џакузи кои се рачно изработени.

 

Friday is red💋 #fridaymood

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

Ако ја продадат оваа градба, а проценката е дека цената нема да биде помала од три милиони евра, Емина ќе добие две, но таа ќе мора од тие пари да одземе 50.000 евра за да плаќа за школарината на своите деца. Во рок од четири години, Мустафа е должен да ѝ купи куќа или стан во Србија во вредност од 250.000 евра. Исто така, тој е обврзан да и обезбеди автомобил во вредност од 50.000 евра, без разлика дали ќе ја купи или ќе ја изнајмува.

Како брачната финансиска сметка е и јахтата, која Емина ќе може да ја користи три месеци во годината.

Мустафа во име на алиментацијата на своите синови ќе мора да плати помалку од 2.000 евра месечно, а годишно за нивниот одмор ќе мора да одвои околу 10.000 евра. Една од предметите беше и куќата за убавина на Емина, односно потенцијалниот приход што таа би можела да го заработи во иднина.

Посебната клаузула наведува дека ова нема да ја намали месечната алиментација што таа и нејзините деца ќе ги добива од Мустафа.

И двајцата изјавиле дека по разводот ќе останат пријатели.

1tv.mk

 

❤️🐣🐣 #realtreasure #love #dedication #mysons #myboys

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

(Фото) Таировиќ само што ја откри врската со телохранителот, а веќе блесна и во луксузна венчаница покрај него

Теа Таировиќ долго време го држеше подалеку од очите на јавноста, иако веќе некое време се во емотивна врска. Тој ѝ го чува грбот и ја следи во чекор затоа што, меѓу другото, тоа му е работа уште од почетокот на нивното запознавање.

Имено, популарната пејачка конечно е среќна во љубовта, а нејзиниот партнер ѝ приреди прекрасно изненадување во пресрет на нејзиниот 28 роденден. Кршниот момок, непознат за јавноста, ѝ подготви балони, конфети и торта со нејзиниот лик, како и цвеќиња. Теа беше доведена до солзи од ова изненадување.

Фотографиите од вљубените гулапчиња можете да ги погледнете кликнувајќи ТУКА.

Но тоа не е сѐ! На социјалните мрежи се појави нова снимка од пејачката и телохранителот, која привлече големо внимание во јавноста.

Теа на фотографијата носи венчаница, поради која многумина помислуваат само за едно – дека венчавката е на видик. Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за снимка од спотот за песна од новиот албум на Теа, а нејзиниот нов партнер, кој го гледаме на фотографијата покрај неа, очигледно ѝ е голем поддржувач во сѐ.

Погледнете:

(Видео) Мајката на Северина со моќна порака го честиташе роденденот на пејачката

Северина Вучковиќ го прослави својот 52-ри роденден, а потоа објави емотивно видео од семејството и пријателите.

Северина на Инстаграм покажа колку за неа е значајна поддршката од најблиските.

Една од најемотивните честитки во видеото кое го објави е онаа од мајката на Северина, Ана, која особено ги трогна нејзините фанови.

„Драга моја ќерко, ти посакувам се најдобро во животот, за твојот 52 роденден и да продолжиме да живееме вака и ти благодарам за се што правиш за твојата мајка. А ти треба да бидеш најсреќната мајка на светот“, рече нејзината мајка барајќи совет и помош од оние кои ја снимиле.

Емотивното видео погледнете го во продолжение:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“

Во книгата „Ова сум јас“, Аца Лукас, меѓу другото, го опиша и својот прв брак. Светлана била првата голема љубов на пејачот, со која основал семејство.

“Цеца цветаше од среќа. Тоа лето во 1991 година отидовме на море. Тоа беше крајот на моето ергенство. Барем така мислев тогаш. Свадбата беше на сплавот “Лукас”. Имаше 200 сватови, моите пријатели свиреа, а јас повремено го земав микрофонот“.

„Денот почна по свадбениот протокол, кој прилично го намалив. Со пријател отидов да си ја пробам среќата на покер апаратите на свечениот ден. Кога се вратив дома, хармоникашот веќе на големо ги веселеше гостите. Пред зградата имаше трубачи, а со нив пееше и мајката на Светлана. Цеца беше во благословена состојба и само се смешкаше“.

“Не се сеќавам на многу детали од свадбата. Знам само дека од некаде се појави една моја бивша девојка од средно и дека се бакнувавме во тоалетот. Жените се чудо. Откако се љубеше со мене, таа и честиташе на мојата сопруга со насмевка за влегување во брачните води“.

„Денес само сфаќам колку кретен бев кон мојата прва сопруга, мојата прва, вистинска љубов. Вистински кретен! Умислував дека мојата сопруга не ме заслужува, дека сум нешто над неа. Таа страдаше. Сега знам дека во тоа време беше жена за мене, тивка придружничка на мојот подем, прекрасна мајка, обожавателка на моите родители.

Популарно