(ФОТО) Меси годинава заработи 111 милиони, а еве на што го троши богатството славниот фудбалер

Многу обожаватели ширум светот ги интересира на што ги троши парите еден од најплатените фудбалери на денешницата, Лионел Меси.

Тој важи за еден од најповлечените фудбалери, а освен што има огромно богатство, доста малку се знае за неговиот приватен живот, пишува стил.курир.рс. во 2017 година потпиша нов договор со кој добива 80 милиони долари годишно.

Дополнителните 27 милиони ги заработува од спонзорство, а со Адидас има потпишано доживотен договор, како и со уште неколку компании.

Има приватен авион со кој често патува со Цирих.

Приватно е во добри односи со Суарез со кој соработува во истиот клуб веќе со години.

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

Во 2017 се ожени со долгогодишната девојка Антонела со која доби три сина.

 

Ya en casa con la familia y unos buenos mates !!!! Los amo 💓💓

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

 

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно