Момчето што беше претепано во Аеродром: Ме удри со пиштол во глава и ме боделе со штравцигер

Брутално претепаниот скопјанец за „Макфакс“ вели дека бил нападнат од познат лихвар во Скопје бидејќи зел на заем 200 евра, кои потоа ги вратил, но одбил да плати и камата.

„Јас од лицето имам земено на заем 200 евра, кои ги вратив.

Кога ги зедов парите, тој не ми кажа дека треба да вратам камата за нив, тој ми е познајник.

Подоцна ми бараше камата за сумата што ја зедов, но не им дадов и одбив.

Пред некој ден имавме кратка расправија. Не ми се закануваа, ниту ме предупредија“, изјави момчето за „Макфакс“.

Вели бил наместен од пријател, кој го повикал, наводно, да разговараат, но на договорената локација го пречекале напаѓачите.

„Поминував низ Аеродром со девојката. Мој пријател ми се јави да разговараме.

Практично, ме најдоа со негова помош. Јас имав проблем со паркирањето.

Се враќав со автомобилот наназад, а во тој момент тие помислиле дека ќе избегам.

Излегоа од назад од бело комбе паркирано во близина. Кога излегов, видов 4-5 лица и почувствував остар удар со пиштол во главата.

Ме удри трипати по што паднав, а тие почнаа да ме клоцаат.

Некое од лицата ме бодело со шрафцигер во ногата“, додава претепаното момче за „Макфакс“.

Ја удриле и неговата девојка.

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода согласно член 140 став 5 од Кривичниот законик.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Популарно