Не е задоволна од големината - набрзо оди под нож за силикони!

Луна Ѓогани призна во разговор со Наташа – Москва и Немања Тошиќ, дека по напуштањето на „Задруга 2“ оди на под нож кај пластичен хирург за зголемување на градите!

„Ми недостасуваат поголеми гради, кога носам костим за капење или кошула, да изгледам убаво, а не да сум рамна како даска! Ќе ставам силикони и ќе имам убави гради “ – најави Луна.

Москва и сугерираше само да не претерува, а Ѓогани се согласила со неа.

„Да, ќе ги направам тројка. Не сакам да ми бидат премногу големи, оние подигнати со големи брадавици, кои се познаваат преку облеката. Не е убаво кога носат кошули и маички без градник и брадавиците на девојките им се наѕираат. Твоите се убави. Ми се допаѓаат и градите на Александра Суботиќ, бидејќи тие дејлуваат природно и меко, имаат убав пад, а не како на Станија и на некои други овде, кренати нагоре и тврди“ – рече Луна.

„Ти си висока и тенка, имаш вита линија и  со силиконите ќе бидеш топ риба“ – ја поддржа поранешната снаа на Туѓман.

Сепак, Мики Ѓуричиќ рече дека Луна е висока и на нејзината градба не одат големи гради, и дека ништо не треба да прави, но Луна очигледно донела цврста одлука.

Да потсетиме, Луна уште во  „Задруга 1“ изјави дека размислува за намалување на носот, но дека се откажала бидејќи сметала дека повеќе нема да биде таа. Сепак, за силиконските гради се предомислила.

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно