Икарди го реши Милан во последните минути

Миланско дерби во рамките на 9. коло од Серија А заврши со гол на Икарди во последната секунда и голема победа на Интер (1-0). Во натпревар кој беше осуден на реми без голови, една грешка на Џиџо Донарума, скапо ги чинеше миланезите.

ербито започна агресивно и Интер беше првиот тим кој се закани. По десетина минути игра Икарди ја затресе мрежата на Донарума, но заради офсајд водството на „сино-црните“ оправдано беше поништено. Политано со соло пробив во 18. минута се закани, но Ромањоли ја исфри топката во корнер во последен час.

Судијата Ирати имаше полни раце работи, а Наинголан и Биглиа први влегоа во неговиот бележник. По половина полувреме Перишиќ со глава го натера Донарума да се истегне и да ја исфрли топката во корнер. По неполн половина час, Спалети го замени повредениот Наинголан и го внесе Борха Валеро

По половина час Икарди ја погоди пречката од гостинскиот гол, а седум минути подоцна задоцни по центаршутот на Вршаљко. најблиску до водство беше во 40. минута, кога Мусакио со глава биеше крај голот. Истиот фудбалер постигна гол во 42. минута, но заради недозволена позиција оправдано беше поништен.

Вториот дел започна многу потактички. Пак Интер беше поактивен, посебно преку Политано, но зрели шансо скоро и да немаше. Едно невнимание на Донарума можеше скапо да ги чини „росонерите“, но младиот голман стигна навреме да интервенира.

Кеита Балде влезе по еден час игра и на Весино му подготви добра можност, но неговиот удар заврши во блокот. од волеј биеше премлако во 81. минута во најзрелата можност на Милан во вториот дел. Ниту влегувањaтa на Антонио Кандрева и Бакајоко во самиот финиш не донесoa емоции. Но, кога сите очекуваа крај на натпреварот, Мауро Икарди во судискто надополнување со глава, по грешната проценка на Донарума, донесе голема победа на Интер со 1-0.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно