"Хетеросексуалните глумци треба да добиваат геј улоги"

Имено, Холивуд веќе подолго време е на удар на критики, бидејќи улогите на геј лица им се доделуваат на хетеросексуалните глумци.

Во јули оваа година глумицата Скарлет Јохансон се откажа од својата улога на трансродово лице во филмот "Rub and Tug" откако трансродовите глумци се побуниле поради дискриминација. 

Активистите тогаш јасно кажале дека главната улога треба да му биде доделена на трансродово лице, а трансродовите глумици сметаат дека станува збор за своевидна дискриминација.

Меѓутоа, австралиската глумица Кејт Бланшеј не се согласува со нивното мислење и со ставот по кој глумецот или глумицата можат добро да ја одиграат улогата на геј личност само доколку исклучително имале такво лично искуство.

Бланшеј глумеше лезбејка во 2015 година во филмот "Carol".

"Ќе се борам против тоа мислење, така што и понатаму ќе ги прифаќам и ќе ги играм сите улоги", рекла глумицата која моментално гостува на Римскиот филмски фестивал.

Според ставот на Холивуд посебно критичен беше и британскиот глумец Сер Иан Мекелен. Своевремено укажа на тоа дека ниту еден глумец или глумица кои отворено се декларирале како геј личности не освоиле Оскар за најдобра главна улога, за разлика од хетеросексуалните личности кои се наградени за геј улоги.

Примери за тоа се Том Хенкс за улогата "Philadelphia" и Шон Пен за улогата во филмот "Milk".

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно