ФОТО: Бујната Македонка која била „шефицата“ за перење пари се фалела со луксуз

Македонската Марија Богојевска е „шефицата" за перење пари на српскиот менаџер Душан Вељковиќ, која е една од обвинетите во џиновската афера за финансиски малверзации, злосторничко здружување и местење на мечеви која ја потресе Белгија во изминатите две недели.

Богојевска е една од двајцата македонски државјани кои се уапсени во Белгија, заедно со поранешниот фудбалер и актуелен менаџер Драган Силјановски – Вуко, пренесува порталот Спорт 1.

Богојевска е обвинета дека преку девизна сметка во Белград за својот дечко Вељковиќ испрала помеѓу два и три милиони евра, а во акцијата низ Србија во Белград и во Ниш, полицијата во соработка со јавните обвинителства на земјите вклучени во аферата, меѓу кои и македонското обвинителство биле запленети околу 800.000 евра на низа локации. Сите тие пари биле на Вељковиќ.

-Македонката е поранешна сопруга на поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец Илија Боцевски, која од поодамна живее во Белгија и е во љубовна врска со српскиот менаџер. Дека живеела убав живот, бујната Марија многупати се фалела и по социјалните мрежи, сликајќи се на јахти и уживајќи во „богатиот живот", кој и го овозможил љубовникот со многуте трансфери, за кои белгиските власти се сомневаат дека се извлекувале пари и тие во кеш се користеле за мито и корупција за да се влијае на фудбалски резултати, објави порталот.

Во џиновската афера настрадаа и новинари, судии, а медиумите во Белгија открија дека дечкото на Марија ги потплаќал за да ставаат добри оценки на неговите клиенти, но и на судиите кои биле купени за да „свират" за неговиот клуб.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

На Хари Стајлс му испратила 8.000 писма, но тоа не е сè: Опседната обожавателка заврши во затвор

Бразилката Мира Карваљо (35) е толку опседната со британскиот пејач, Хари Стајлс (поранешен член на групата „One Direction“) што го оставила партнерот дома и го пропатувала целиот пат до Лондон.

-Но, тоа не е сè. Мира му испраќала на Хари писма, свадбени честитки, а бидејќи за само еден месец испратила дури повеќе од 8.000 писма, Бразилката завршила во затвор, пишува „The Sun“.

Таа е осудена на 14 недели затвор и се изјаснила за виновна за следење.

-Хари беше навистина потресен. Тој само сака да продолжи нормално, но секако дека е загрижувачки за него, неговото семејство и неговиот тим, изјави извор близок до Стајлс.

Таа доби забрана да се приближува до Стајлс дури 10 години и да присуствува на кој било настан, односно концерт, каде што е тој.

Да потсетиме, фановите на споменатата група некогаш беа познати по претерувањето кое се граничело со демнење, па еднаш ги хакираа и безбедносните камери на лондонскиот аеродром за да ги видат своите идоли.

Популарно