ФОТО: Типувач од скопска Кисела Вода добро ја олесни кладилницата со 50 денари

Спорт Лаиф им донесе дополнителна добивка на своите типувачи со новите бонуси.

Типувач од Кисела Вода тоа го искористи и направи висок скок од 50 до 221.750 денари! Едноставно вложил 50 денари и решил да игра 9 пара од националните лиги само со конечни типови 1 или 2, освен за мечот Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, каде го добил типот Т12+& ГГ. Б. Дортмунд го победи Баерн со 3:2 на свој терен и покрај водството на Баерн во прво полувреме со голот на Левандовски. Пресвртите сигурно му ги истенчиле нервите на нашиот типувач бидејќи Борусија најпрво резултатот го изедначи од пенал, но по само 3 минути повторно прими гол од Левандовски, за ново водство. Потоа, Борусија направи пресврт, возвраќајќи со 2 последователни гола и резултат за конечна победа и висок скор на типувачот на Спорт Лаиф од 3 600 евра.

Вториот и уште повисок бонус од 750 евра е остварен во Гостивар, каде играчот заминал со вкупна добивка од 2 000 ЕУР или 123.635  денари. Нанижал дури 16 натпревари од разните национални лиги,  иако со пониски квоти, ги погодил сите и ја остварил целта повторно со само 50 денари влог. А типовите се едноставни предвидувања за конечните резултати или победи на овие натпревари.

Така оваа недела, со конечни типувања 1 или 2 до одлични бонуси и високи добивки.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно