ФОТО + ВИДЕО: Погледнете како изгледа некогашниот македонски модел, популарна ТВ водителка и пејачка

Оние малку повозрасните, или подобро речено што се родени пред 2000 години, сигурно се сеќаваат на девојката  која ја  гледавме како ТВ водителка во забавно-музичките  емисии од типот на (Зона Х), како модел во видеоспотовите, како пејачка во своето видео, ни се смешкаа од насловниците на списанијата и магазините, календарите…

Русокосата убавица со ангелско лице и совршено складно тело, скопскиот „крем“ ја запозна како убавата келнерка од „Чао“, култното скопско кафуле во ГТЦ, каде долго работеше.

Но, Даниела тогаш само Спасовска, денес и Гошевска – Дени беше како  создадена за фотомодел. Со лице кна моден камелеон кое трпи  исклучителна моќ на трансформации на фотографиите, некои дури и ја споредуваа со тогаш најпоозната манекенка на светот, славната Кејт Мос.

И не беа далеку од вистината, барем според убавината и појавата. Непосредноста, широката бисерна насмевка и секако убавината беа нејзините заштитни знаци, кои од кафулето ја однесоа пред фотобјективите и камерите, па Дени ајнцерот го замени со микрофонот.

Беше една од најатрактивните ТВ водителки и модели од крајот на 1990-тите и почетокот на новиот милениум,  но и промотер и пионер на електронска музика или техно музика како што  ја нарекуваа во тоа време, со својата емисија „Зона Х“, која го третираше токму тој прогресивен, нов звук и неговите жанрови и правци.

Долгогодишната врска со нејзиното момче, денес сопруг Миле Гошевски, ДЈ, автор  и продуцент и еден од пионерите на електронската музика кај нас ќе придонесе водителката да се обиде и како пејачка.

Песната и особено  видеото насловени „Овој град е магичен“ на ДСГ (Даниела Спасовска Гошевска) беше своевидна револуција за тоа време. Не заради вокалниот потенцијал на пејачката секако, ама заради сето останато – чекор од „7 милји“ пред другите. Сепак, пејачката кариера на Дени остана само на обид, фотомоделството остана само хоби од минатото, а водителството полека го замени со друга професија.

Стана сопруга, наскоро потоа и за прв пат мајка,  се вработи во секторот за  продажба на тогашниот Мобимак, па мајка по втор пат… И така времето полека си минуваше…

Денес, Даниела Спасовска Ѓошевска или Дени е семејна, деловна жена и мајка на двете слатките дечиња: поголемиот Максим и помалата Мила. Сега е целосно ориентирана кон бизнис сегментот, во кој веројатно возбудата од пред фотобјективот или ТВ камерата ја нема, но затоа има нешто друго… нешто што животот на една семајна дама посветена на фамилијата го бара: мир, стабилност, сигурност, солидна егзистенција.

Останатото е само спомен од младоста, фрагменти и сеќавања на годините што поминале, историја на животот на една некогашна јавна личност.

Но и покрај се’, едно е сигурно: убавината за ногумина е минлива, но не и за неа. Дени и денес изгледа подеднакво атрактивно, возбудливо, сексапилнио и заводливо како и келнерката од „Чао“ од пред повеќе од две децении или водителката од „Зона Х“ или пејачката која се криеше зад кратенката ДСГ.

Без проблем може слободнио да застане пред објективите и да засени многу од оние што во мометов важат за главни  во светот на модата, убавината, фотомоделството… кај нас!

(Фото) Таировиќ само што ја откри врската со телохранителот, а веќе блесна и во луксузна венчаница покрај него

Теа Таировиќ долго време го држеше подалеку од очите на јавноста, иако веќе некое време се во емотивна врска. Тој ѝ го чува грбот и ја следи во чекор затоа што, меѓу другото, тоа му е работа уште од почетокот на нивното запознавање.

Имено, популарната пејачка конечно е среќна во љубовта, а нејзиниот партнер ѝ приреди прекрасно изненадување во пресрет на нејзиниот 28 роденден. Кршниот момок, непознат за јавноста, ѝ подготви балони, конфети и торта со нејзиниот лик, како и цвеќиња. Теа беше доведена до солзи од ова изненадување.

Фотографиите од вљубените гулапчиња можете да ги погледнете кликнувајќи ТУКА.

Но тоа не е сѐ! На социјалните мрежи се појави нова снимка од пејачката и телохранителот, која привлече големо внимание во јавноста.

Теа на фотографијата носи венчаница, поради која многумина помислуваат само за едно – дека венчавката е на видик. Како што пишуваат српските медиуми, станува збор за снимка од спотот за песна од новиот албум на Теа, а нејзиниот нов партнер, кој го гледаме на фотографијата покрај неа, очигледно ѝ е голем поддржувач во сѐ.

Погледнете:

(Видео) Мајката на Северина со моќна порака го честиташе роденденот на пејачката

Северина Вучковиќ го прослави својот 52-ри роденден, а потоа објави емотивно видео од семејството и пријателите.

Северина на Инстаграм покажа колку за неа е значајна поддршката од најблиските.

Една од најемотивните честитки во видеото кое го објави е онаа од мајката на Северина, Ана, која особено ги трогна нејзините фанови.

„Драга моја ќерко, ти посакувам се најдобро во животот, за твојот 52 роденден и да продолжиме да живееме вака и ти благодарам за се што правиш за твојата мајка. А ти треба да бидеш најсреќната мајка на светот“, рече нејзината мајка барајќи совет и помош од оние кои ја снимиле.

Емотивното видео погледнете го во продолжение:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

Аца Лукас: „На венчавката ја изневерив бремената сопруга – после тоа таа со насмевка ѝ честиташе на мојата жена“

Во книгата „Ова сум јас“, Аца Лукас, меѓу другото, го опиша и својот прв брак. Светлана била првата голема љубов на пејачот, со која основал семејство.

“Цеца цветаше од среќа. Тоа лето во 1991 година отидовме на море. Тоа беше крајот на моето ергенство. Барем така мислев тогаш. Свадбата беше на сплавот “Лукас”. Имаше 200 сватови, моите пријатели свиреа, а јас повремено го земав микрофонот“.

„Денот почна по свадбениот протокол, кој прилично го намалив. Со пријател отидов да си ја пробам среќата на покер апаратите на свечениот ден. Кога се вратив дома, хармоникашот веќе на големо ги веселеше гостите. Пред зградата имаше трубачи, а со нив пееше и мајката на Светлана. Цеца беше во благословена состојба и само се смешкаше“.

“Не се сеќавам на многу детали од свадбата. Знам само дека од некаде се појави една моја бивша девојка од средно и дека се бакнувавме во тоалетот. Жените се чудо. Откако се љубеше со мене, таа и честиташе на мојата сопруга со насмевка за влегување во брачните води“.

„Денес само сфаќам колку кретен бев кон мојата прва сопруга, мојата прва, вистинска љубов. Вистински кретен! Умислував дека мојата сопруга не ме заслужува, дека сум нешто над неа. Таа страдаше. Сега знам дека во тоа време беше жена за мене, тивка придружничка на мојот подем, прекрасна мајка, обожавателка на моите родители.

Популарно