Хит на социјалните мрежи деновиве е анкетата што ја направи екипата на „Ексклузив“ на едно модно случување во која ги праша познатите дали го познаваат моделот Бјанка Мизел.
Во анкетата се најдоа Сања Сани Гроздановска, Симона Поповска, Јоце Панов…кои одговорија дека ја познаваат и дека им се допаѓа нејзината кариера.
„Супер е, прекрасна е“ изјави Сани за моделот кој не постои.
Фолкерката Сања Сани Гроздановска не остана должна, па се огласи на својот „Фејсбук“.
„Колку биле желни луѓето за исмејување и фаќање сеир….затоа сме бедна држава и тонеме секој ден подлабоко. Секое чудо за три дена. Тие што не ме познаваа, ме дознаа. Добредојдовте во шоубизнисот. П.С. Споделувајте го постот повеќе пати ве молам“ напиша Сани на социјалните мрежи.
Меѓутоа, тоа не беше доволно, па Гроздановска им врати на „хејтерите“ и на оние кои имаат нешто против неа.
„Се што имате против мене, запишете на лист, направете авионче и одлетајте во три лепи…ви посакувам пријатен лет“ напиша Гроздановска.