Потресно сведоштво: Алфите тeпaлe девојка пред градинка во Дебар Маало за непрописно паркирање!

Девојка од Скопје со свој Фејсбук статус упати порака до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ да размислат дали нешто треба да се смени, по нејзината објава каде раскажува како денеска ја тeпaл припадник на единицата алфи за непрописно паркирано возило пред градинка во Дебар Маало. Имено девојката во својот статус пишува дека возилото на нејзинот брат со трепкачи било паркирано пред градинката како што пишуваа таа само две минути се со цел, господинот да си го остави детето во образовната установа и да се врати назад. Но го затекнала несакана глетка, возилото било кренато од пајак службата која немала разбирање за човекот при што барале да се плати 1500 денари, а поради инсистирањето возилото да не се одземе пајак службата повикала Алфи. Братот како што пишува таа го повикал татка си за да му го донесе износот да плати, а со него пристигнала и девојката која се обидела да ги разубеди да го спуштат возилото, па била физички нaпaднaтa, целата ситуација била набљудувана и од страна на полициски службеници кои како што пишува девојката не реагирале воопшто.

Интегрален текст:

Пајак на Град Скопје крева возило на трепкачи пред градинка во д.маало, кое стои помалку од 2 минути. Доаѓа пајак и се спрема да го крене. Брат ми се враќа и им кажува дека оставал дете во градинка, а нема ниедно слободно паркинг место, морал да застане пред градинка 2 минути. Секојдневно деца се оставаат и земаат на ист принцип-пошо нема обезбеден простор за таа намена.. али има иљада кафичи и зграда у зграда плански изградени… Пајак момците продолжуваат да ставаат канџи и да го креваат возилото. Брат ми се јавува дома да донесеме 1500, пошо му бараат толку да ја спуштат колата. Доаѓаме јас и татко ми. Продолжуваме сите пред пајак возилото да се расправаме и објаснуваме… спомнуваме дека вака ревносни не се во чаир нит према тие со големи коли паркирани пред кафичи… полицијата стои со раце в џеб и гледа, а пајак вработените немаат слух за нашето објаснување. Повикуваат алфи (подоцна разбрав дека се алфи…којзнае колкава опасност сме за општеството…алфи еееј алфи дојдоа!!!) да се справат со едно девојче, пензионер и дечко без мускули.. тотално нeнacилни… алфите не зaтeпaa, присилно не исповлечкаа да не тргнат.. да не стои пајакот, да може да го однесе возилото и да се врати по уште.. полициjaта продолжи да стои со раце во џеб.. пошо не се они сервис на граѓаните, па да се замешаат.. уште и едниот џандap ни рече како денот му е супер.. и покрај тоа што јас уплакана му кажував дека треба да се има разбирање за одредени животни судбини и ситуации. Ама него денот му бил супер, толку многу супер што нема време ни да заштити граѓани, нит па да проба да размисли за тоа што му го кажувам.

И така иcпoтeпaни, си ја земавме колата од пајак служба и си плативме.

Вака делува како да е ова Швајцарија, нема нигде пикавец, а за непрописно паркирани ич да не зборуваме. Пее сообраќајот во земјава.

Претходните беа нacилни во бoмбитe шо ги слушав.. а овие на своја кожа ги осетив. Додека пишувам, уште ми жежи грбов, и ги осеќам тупаниците на алфа мажот што сигурно е горд на себе, посебно денес, што успешно се избори со девојче од 52 кила!

Oliver Spasovski Петре Шилегов Саша Богдановиќ еве, ве тагнав.. ако имате време и не ви е супер денот ко на полицaeцот, прочитајте шо се дешава док се топлите у фотељите и размислете дал нешто треба да се смени!

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

(Видео) Како беше извршен филмскиот грабежот на маркет во Црниче?

На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.

На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за настанот.

- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.

Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.

Популарно