Серхио Рамос сака да си оди од Реал Мадрид!!

Со погласни се шпекулациите во Шпанските медиуми  дека Серхио Рамос сака да  ги напушти редовите на Реал Мадрид. Рамос имал и состанок со Флорентино Перез на кој го известил за неговата намера да ја промени средината.

Дека ваквите шпекулации имаат здрава позадина е фактот што денеска во италијанските медиуми пишува дека Наполи одбил понуда од Реал Мадрид за Кулибали вредна 90 милиони евра.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и претходно изјави дека има одбиено понуда за Кулибали од околу 100 милиони евра, се верува дека таа била од Манчестер јунајтед.

Сега „Кориере дело Спорт“ тврди дека Реал Мадрид се обидува да дојде до потписот на Кулибало кој треба да биде наследникот на Рамос.

Кулибали во договорот со Наполи има откупна клаузула од 150 милиони евра, но таа станува активна од летото 2020 година, дотогаш само ако пристигне прифатлива понуда за Де Лаурентис тој може да замине.

Се верува дека Реал Мадрид ќе се врати со повисока понуда и ќе се обиде да го убеди Наполи да им го продаде дефанзивецот.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно