Скопје: Се степале двајца братучеди, настрадала сопругата на едниот!

Скопјанка била убиена синоќа во скопската населба Шуто Оризари, дознава 24 Инфо.

Според извори од истрагата, убиството се случило околу 22.30 часот. Жената (31) настрадала во тепачка меѓу двајца братучеди. Тие почнале расправија додека седеле и пиеле во дворот на едниот од нив.

Едниот заминал и се вратил со нож, а сопругата на едниот од братучедите се обидела да ги смири и раздвои. При тоа во гужвата налетала на ножот и загинала на самото место. По убиството интервенирала полицијата и ги привела братучедите.

Од МВР го потврдија убиството.

Според полицијата, две лица се приведени. Повеќе детали најавуваат за утре.

Се огласи скопјанецот кого го бркаа со сатар во „Лептокарија“

Не е точно дека не сум ја платил сметката во импровизираниот кинески ресторан во „Лептокарија“, јас не ни нарачав храна, бев нападнат откако дадов неколку забелешки за високата цена на храната и за бавната услуга, сведочи за Плусинфо познатиот актер Милан Тоциновски, кој вчера како гром од ведро небо се нашол во драматична сцена како од филмовите на Џеки Чен и за миг станал жртва во страотна бркотница со сатар во скопскиот трговски центар, објави „Плусинфо“.

На Фејсбук вчера беше објавено видеото од бркотницата, на која јасно се гледа дека две лица со сатар го бркаат актерот.

Тоциновски вели дека откако успеал да им избега на двајцата насилници, од кои една жена, вооружена со сатар веднаш случајот го пријавил во МВР, а во текот на денот се очекува да биде повикан и од надлежен обвинител за да даде исказ за настанот.

Тој вели дека настанот го вознемирил, но дека уште повеќе го испровоцирале информациите дека инциденот бил предизвикан по негова вина и тоа поради неплатена сметка.

– Јас сум јавна личност и нема што да кријам за тоа што се случи вчера во таканаречениот кинески ресторан во ТЦ „Лептокарија“. Навистина не знам кој им дал дозвола за работа на тие луѓе. Живеев во Њујорк, а сум работел и во Токио и точно знам какви се цените, но и услугата во кинеските ресторани. Откако, вработените ми наговестија дека ќе треба да чекам, како муштерија забележав дека премногу се чека со оглед на тоа што станува збор за ресторан за брза храна и дека е прескапо, не нарачав храна и трнав да си одам. Тие мои забелешки беа повод да почнат да ме напаѓаат прво вербално, а потоа и физички двајца вработени во ресторанот, од кои една жена и со сатар да ме бркаат по трговскиот центар. Тоа впрочем, може да се види и на постираното видео – вели актерот Тоциновски за Плусинфо.

Тој раскажува дека во еден момент вработената дури и замавнала со сатарот кон него и за среќа актерот успеал да се истрга под налетот на сечилото.

Инаку Милан Тоциноски е актерот со кој во 2004 година Македонија се гордееше кога во Сараево ја освои наградата за најдобра машка улога за улогата на младиот Кокан во филмот „Како убив светец“ на Теона Стругар – Митевска, а силен впечаток остави и со своите улоги во филмовите „Трето полувреме“, „Превртено“…

ВИДЕО: Го бркаа со САТАР сред Лептокарија!

Сцена како од филмовите можеше да се види денеска во трговскиот ценар Лептокарија во Скопје.

Маж и жена, најверојатно вработени во кинеска продавница за храна, со сатар бркале маж.

На видеото се гледа како граѓаните и гостите во околните кафулиња безуспешно сакаат да ги смират лутите маж и жена, но тие покрај тоа што замавнуваа со сатарот, по момчето фрлаат и со се што ќе им се најде на патот.

Причините за инцидентот засега се непознати, а видеото е објавено за социјалните мрежи..

Го пpободел па пуkал во него

Околу 21,50 часот во Скопје, на улицата „Џон Кенеди“ 32-годишниот Е.М од Скопје пријавил дека  по претходен договор се сретнал со неговите познаници А.А. (40) од Скопје и  Б.Н во нивното патничко моторно возило „БМВ“, во врска со пари.

По кратко време, настанала расправија и А.А. му нанел убодна рана со остар предмет, а потоа и пукал кон него во левата подлактица.

На Е.М. му е укажана помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“.

Се работи на целосно расчистување на случајот

Популарно