ФОТО: Панчо доживеа тешка сообраќајна незгода и е во болница

Владимир Блажев-Панчо доживеа тешка сообраќајна незгода и е во болница.

Ова е сценариото на новиот спот на дуото ДНК за песната „Горе или доле“. За новата песна, ДНК велат дека е приказна со моќен текст, а спотот ја следи приказната на текстот. 

„Имаме одлична песна, и горди сме на она што го сработивме, но ќе оставиме публиката да го каже своето. Напорно работевме на снимањето на сцените, кои се буквално филмски. Сè изгледа толку реално, особено шминката. Што се однесува до делот во болницата, буквално целиот персонал, освен д-р Андреј, се вистински медицински лица. Веруваме во овој спот, кој метафорично го прикажува животниот пат и токму како што вели и самиот наслов сè е горе или доле“, изјави Панчо.

​Режисер на спотот е Даниел Јовески. ДНК и овој пат соработуваат со нивниот композитор и продуцент Лазар Цветкоски, автор на повеќето домашни хитови. Тој и Панчо заедно ја напишаа музиката, Панчо е автор на текстот, а Лазар на аранжманот. 

Песната носи силна порака- Никогаш не возете под дејство на алкохол. 

(ФОТО) Вук Моб: „За малку ќе бев два метри под земја"

Српскиот рапер Вук Моб доживеал страшна сообраќајна несреќа, а за среќа поминал без тешки повреди.

По несреќата, српскиот рапр на социјалните мрежи објави фотографија од несреќата, пишувајќи дека ги повредил вилицата и раката.

И момчето кое го возело другиот автомобил со кој се судрил раперот, исто така поминало без тешки повреди.

- Господ е голем, доживеав вчера сообраќајка, а фала богу ни на мене ни на другото момче не ни е ништо. Јас малку ја поврдив вилицата и раката, но не е океј, напиша раперот.

Додаде дека само момент невнимание го делеле од два метри под земја.

ФОТО: Историјата се повторува

За месец дена ќе се жени синот на српската популана пејачка Цеца, а судбоносното „да“ со својата избраничка Богдана ќе го кажат во познат белградски хотел, а спред српските медиуми младоженецот за тој ден збра да ја облече воената униформа на својот татко.

Имено Вељко ќе ја носи униформата која ја носеше неговиот покоен татко пред 25 години, кога се оженил за Цеца.

- Цеца ја чувала воената униформа сите овие години заедно со својата венчаница и емотивно е поврзана со тие работи, а Вењко тоа добро го знае. Кога изразил желба да ја носи униформата од татка си, Цеца била воодушевена и веднаш се сгласила- рекол извор близок до семејството Ражнатовиќ.

- Што се однесува на Богдана, Вељко не инсистира да ја носи венчаницата на Цеца, меѓутоа и тоа може да се случи бидејќи Цеца сака да и ја даде венчаницата и да и купи уштеедна во која подоцна ќе се пресоблече- пренесува истиот извор.

Инаку моделот на венчаница кој Цеца го носеше на свадбата беше популарен во Србија, а за тоа потврдува и фактот што снимката од касетата од венчавката на Аркан и Цеца била распродадена во повеќе од 100.000 примероци.

(ФОТО) Елена Ристеска: Се борам во овој машки свет

Поп пејачката Елена Ристеска ја доби наградата „Дама на годината“ во регионот, за постигнувања, работа и креативност на регинално ниво, што се одржа во Врњачка Бања во Србија.

- „Благодарам за наградата “Дама на годината” за регионот- за работа, придонес и креативност. Иако повеќе ми значеа коментарите на луѓето за мојата работа и глас, чест ми беше вечерва да бидам помеѓу сите овие успешни и хумани дами. После 17 години во музиката и пред прагот на еден сосема нов бизнис-основање на мој бренд за козметика, наградата ќе ја сметам за поттик за уште поголема борбеност во овој “машки” свет, како самостојна и независна жена“, напиша таа.

Популарно