Наша сограѓанка предупредува

Наша сограѓанка на својот ФБ профил сподели како што   таа наведува поприлично језива случка. 

„Се надевам стравот и сомнежот ми се неосновани и дека погрешно претпоставувам, ама ќе го пишам ова јавно, макар и ризикувала, будала да испаднам.

Имам доста луѓе на профилов, не е на одмет да прочитаат сите, внимателност малку повеќе не е на одмет никогаш. Јас поприлично се исплашив.

Се враќам од работа, сега пред отприлика половина час, дежурната 41 во 1:45 ја пресретнувам на цементара. Бидејќи стигнав доста пред време, имам отприлика некои 15-20 минути за чекање.

На станицата немаше никој кога стигнав, меѓутоа после неколку минути, од правецот на Лисиче, доаѓаат момче и девојче на возраст од 20-тина години, застануваат на некој метар два од мене и они да чекаат автобус.

Поминуваат неколку минути и праткично буквално пред нив застанува опел караван, некое постаро годиште, темна бојна, веројатно некоја темна сива, во него седат маж и жена на отплирика околу 50 години.

Се обратија на децава со покана да ги префрлат до некаде. На прашање кај одат, девојчето одговори дека одат накај Драчево, ама ќе си го почекаат автобусот. Почнаа да инсистираат да појдат со нив, дека секако одат натака, накај Пинтија и дека може да ги однесат до некаде.

Децава упорно одбиваа и наеднаш мажот ја нагазна колата и одеднаш ги снема. После првиот шок им се обратив на децава да се преиспитам дали убаво го чув разговорот. Се сетив на аферата од пред неколку месеци за црно возило во кое има маж и жена и канат непознати да ги префрлат до некаде.

Поприлично језива случка, останавме исплашени и дечињата и јас. Да не паничам, ама внимателно по улициве, несигурни времиња. Ќе си ја памтам ноќва долго време.“

Фејсбук статус на Светлана Танушоска.

Сите ја знаат „Ѓурѓовден“, но малкумина ја знаат тажната вистина за песната

Православните верници денес го прославаат Ѓурѓовден- празникот врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување.

Песната Ѓурѓовден била создадена во возот на смртта кој патувал од Сараево до Јасеновац.

Затворениците во вагони без храна и вода почнале да паѓаат во криза од страв и несигурност. Во општиот хаос еден од нив за кој се вели дека бил член на Сараевска „СЛОГА“ од гордост и инает, запеал… Ова е тврдење на новинарот Вукашин Беатовиќ.

Еве како оди приказната: Мај шести во 1942 година– студено утро во Сараево. Полицајците им наредиле на ИТЗ да ги подготват заробените Срби. Во четири часот наутро во градот колони на затворениците од Јајце касарната и другите затвори ги собрале на железничката пруга во Сараево.

Колоната била околу три илјади претежно млади луѓе. Меѓу нив и домаќини заедно со нивните синови, како и муслимани кои ги поддржувале Србите или се изјасниле како Срби. Чуварите извикувале „Како сте Срби? Ве носиме на бесплатна екскурзија во Јасеновац”.

Возот на свети Ѓорѓија од Сараево отиде во Јасеновац. По патот затворениците во вагоните без храна и вода почнале да паѓаат во криза на страв и несигурност.

Во општиот хаос еден од нив запеал „Пролече на моје раме слече – џурџевак зелени – свима осим мени“.

Поради песната чуварите ги затвориле вратите од вагоните, а затворениците останале без воздух во тесните вагони стиснати еден до друг. Од три илјади колку што тргнале од Сараево до Јасеновац стасале само две илјади, а стотина од нив успеале да ја преживеат тортурата. Благодарение на преживеаните денес се знае за овој настан.

Под импресија на оваа приказна, Горан Бреговиќ ја направил песната „Ѓурѓовден“. Песната оттогаш стана глобален хит која се пее на повеќе јазици. Но, многу малку денес знаат за позадината на оваа песна, за возот на смртта и судбината на овие луѓе.

Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место

Францускиот бизнисмен Бернар Арно, кој има контролен пакет акции во холдингот „LVMH“, водечки светски производител на луксузна облека, е на првото место на ранг листата на најбогати луѓе во светот.

Според објавената листа на милијардери на Блумберг, богатството на Арно изнесува 215 милијарди долари и од почетокот на годината е зголемено за седум милијарди долари.

На второ место е основачот и поранешен извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 198 милијарди долари.

Основачот на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск е на трето место со 194 милијарди долари.

Меѓу десетте најбогати луѓе во светот се и основачот на „Мета“ платформата Марк Цукерберг (153 милијарди долари), основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс (149 милијарди долари), коосновачите на „Гугл“ и „Алфабет“, Лери Пејџ (146 милијарди долари) и Сергеј Брин (138 милијарди долари), поранешен генерал. По нив следат директорот на „Мајкрософт“, Стив Балмер (130 милијарди долари), американскиот инвеститор и филантроп Ворен Бафет (132 милијарди долари) и основачот и претседател на корпорацијата „Оракл“, Лери Елисон (129 милијарди долари).

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Денес, освен вториот ден од Велигден, се празнува и Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец, празникот на обновувањето на природата и на животот воопшто.

Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај според новиот или на 23 април според стариот календар.

Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Популарно