Извршителка си „позајмила“ пари од сметките на доверители

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 46-годишната К.В. од Штип осомничена дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавената, поранешен извршител именуван за подрачје на Основни судови Куманово, Крива Паланка и Кратово со седиште во Куманово, во периодот од 27.12.2018 до 31.12.2018 година, во два наврати ја злоупотребила службената положба и овластување.

– Првиот пат при примање на Решение од 26.12.2018, доставено од Комора на извршители на РСМ, за изречена привремена забрана за вршење на должноста-суспензија, таа на 27.12.2018 од посебна сметка во банка префрлила 130.000 денари на нејзина редовна сметка во банката, без претходно образложение по кој основ се префрлени овие парични средства. На 31.12.2018, пријавената на ист начин префрлила уште 8.000 денари или вкупно 138.000 денари и за тој износ ги оштетила доверителите на кои по разни основи им легнале овие парични средства на посебна сметка и за кој износ требало да бидат исплатени од пријавената, соопшти денеска МВР. 

Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани

„На 25.04.2024 во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај с.Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(43) од Скопје“, информира МВР.

Како што соопштија од полицијата, во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп. 

Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост

Врховниот суд на Република Северна Македонија ја уважи жалбата на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, ја укина определената мерка притвор и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост.

- Врховниот суд на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 25.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе Решение со кое жалбата на обвинетиот А. Ѓ., изјавена преку неговиот бранител Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје, ја уважи, a решението на Апелационен суд Скопје КСЖ-320/24 од 02.04.2024 година, го преиначи на начин што определената мерка притвор против обвинетиот А.Ѓ. ја укина и за обвинетиот определи мерка куќен притвор и мерка на претпазливост, соопштија денеска од Врховен.

Денешната седница беше втора јавна седница пред Врховниот суд по мерката притвор на таткото на Вања, откако во март годинава Врховен ја одби како неоснована жалбата против мерката притвор на Ѓорчевски, по решението на Апелациониот суд Скопје. 

Таткото на Вања е осомничен за помагање во грабнување на неговата ќерка, малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, а беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

За двете убиства, за две кривични дела „грабнување“ и „убиство на свиреп начин“ првообвинет е Љубомир Палевски Палчо, за кого се чека екстрадиција од Турција, а за соучество се товарат и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски кои се во притвор во Скопје. 

По предлог на надлежен обвинител беше укинат притворот на Стефан Димовски, возачот на Љупчо Палевски-Палчо, кој е осомничен за помагање при бегството. На Димовски му се определени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште, одземање патна исправа и обврска за јавување во суд. 

Во Тетово прегазен малолетен пешак

На 24.04.2024 околу 12 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица ,,113“ во Тетово патничко моторно возило ,,ауди“ со тетовски регистерски таблици, управувано од М.А. (64) од тетовска Шипковица, удрило во малолетен пешак од Тетово, соопшти МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Тетово.

Популарно