Внимавајте каде го оставате мобилниот, еве зошто

Сите го оставаме мобилниот онаму каде што ни е згодно. Но треба да внимаваме кое место ќе го одбереме. Еве каде не треба да го оставате:

Во џебот

Иако е многу удобно и тоа го правиме сите, носењето телефон во задниот џеб од панталоните не се препорачува бидејќи телефоните имаат екрани на допир. Ако често чувствувате болка во стомакот и нозете, тоа може да се должи на носење на вашиот телефон во џеб. Исто така можете лесно да го заборавите и да го скршите или изгубите.

На кожата

Не држете го вашиот мобилен телефон близу до кожата, бидејќи бактериите на екранот се префрлаат на лицето и можат да бидат причина за појава на акни или други заболувања на кожата. Покрај тоа, електромагнетното зрачење станува посилно. Кога разговарате на телефон, оставете најмалку 0,5 до 1,5 сантиметар помеѓу уредот и кожата.

На жешки места

Високите температури се исто така штетни за електрониката. Не се препорачува да го оставите вашиот телефон во автомобил или на плажа каде што е изложена на сонце или некој извор на топлина.

Под перницата

Не го чувајте телефонот под перницата. Ако добивате чести известувања во текот на ноќта и екранот се пали, тоа има негативен ефект врз производството на мелатонин и доведува до проблеми со спиењето. Исто така, имало случаи на експлозија на телефон и пожар. Покривањето на телефонот со перница ги зголемува шансите за прегревање и пожар, особено кога го полните. Подобро е да го ставите на полнач подалеку од себе, од вашиот кревет и од други луѓе, а по можност не преку ноќ.

На полначот

Не, полнењето на вашиот телефон не му штети директно на вашето здравје, но подобро е да не го полните вашиот мобилен преку ноќ, бидејќи тоа може да го скрати работниот век на батеријата.

На ладни места

Ако е ладно надвор и температурата се спушти под нулата, внимавајте на вашиот телефон и не оставајте го надвор или пак во автомобил долго време.

Температурната разлика е многу штетна за уредите, бидејќи кондензацијата се јавува кога ќе ја вратите на топло место, што може да доведе до дефект. Добро е да го заштитите вашиот телефон со маска.

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно