Еден полицаец е полесно повреден во обид да спречи грабеж во скопската населба Топана. Настанот се случил во маркетот „Кипер“ откако во него влегле две маскирани лица и го ограбиле. Во моментот на бегство ги пресретнал полицаецот кој се обидел да ги запре, но бил нападнат од разбојниците.
Според првичните податоци, полицискиот службеник немал сериозни повреди и не е во животна опасност.
Извор Алсат