Курт Деец: "Невозможно е тој хеликоптер да имал механички дефект"

Светот се уште не се соземал од големата трагедија во која од овој свет си замина големата легенда Коби Брајант.

Коби вчера го загуби животот во пад на неговиот хеликоптер во близина на Лос Анџелес. Во хеликоптерот на кобниот лет имало уште осум лица, вклучувајќи и ја и неговата 13 годишна ќерка Џана.

Хеликоптерот со кој летал Коби бил „Сикорски С-76Б“. Брајант веќе подолго време имал одлична соработка со агенцијата која му го изнајмувала и имал можност да го користи кога ќе посака. Хеликоптерот бил регистриран на компанијата „Исланд Експрес Хеилкоптерс од Филмо“ и никогаш немал проблеми.

Повеќе од 915 часови лет имале овие типови на хеликоптери и според американските медиуми се урнале само два претходно, трет бил овој на Коби.

За медиумите сега зборуваше Курт Деец, пилот кој две години го возел Брајант и работел во компанијата. Според него невозоможно е овој хеликоптер да се урне поради механички дефект.

„Хеликоптерот нуди неверојатни услови. Шансата да имал механички проблем или проблем со моторите едноставно е невозможна. Единствена причина за оваа несреќа можат да бидат лошите временски услови“, смета Деец.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше. Замина денес, на Велики четврток, после долго боледување.

Веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка, со зборовите:

-Светол патот, татко мој.

Родителите на Тоше, кој почина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска, Доминика и Никола, живееа повлечен живот по смртта на нивниот син и не се појавуваа во јавност.

Семејството Проески се уште нема објавено детали за последното испраќање на таткото на легендарниот музичар и хуманист Тоше.

Популарно