Препорачани производи за нега на кожата во летните денови

Свежа, мазна и сјајна кожа од „глава до пети“… Супер звучи а уште подобро изгледа.

За да ги задржиме сите овие елементи на кожата и да бидеме задоволни од нашиот изглед, покрај гените, здравиот начин на исхрана и конзумирањето на големо количество вода, потребно е да ја негуваме, особено во летните денови кога нашата кожа е почесто изложена на сонце и станува погруба.

Нашата листа содржи неколку производи за домашна и професионална употреба, кои се многу практични, едноставни за употреба и идеални за патување.

Вакум апарат за отстранување на акни и митесери

Повеќе информации за производот и неговата акциска цена може да погледнете ТУКА

Овој професионален уред се грижи за Вашето лице. Располага со 4 различни функции.

Ви нуди пилинг на кожата, затегнување на лицето, чистење на пори, отстранување на брчки и го забавува стареењето на кожата на лицето.

Различна вшмукувачка глава, различна функција

Дијамант пилинг на кожата: Врвот за ексфолијација обезбедува неинвазивен третман и го опфаќа горниот слој на кожата за да се отстранат мртвите клетки. Ја прави кожата помазна, со повеќе рафинирана текстура и поцврста со стимулирање на обновата на вашите природни клетки.

Подигнување на лицето: Системот за вакуумско кревање создава нежно стимулирачко дејство на масажа, ја стимулира микроциркулацијата, прави цврста кожа и тесно лице.

Длабоко чистење на порите: Уникатен дизајн со мали тркала така што низ дупките ги цица акните, црнилото или нечистотијата во порите за истите да бидат чисти и да спречуваат појава на акни.

Отстранување на брчки: Уникатен дизајн на мала елипсовидна дупка, создава нежна масажа и стимулира до аголот на очите, носот, устата, длабоко влијае во кожата за отстранување на брчките и спречување на „длабока брчка“.

Pro Wax 100 Апарат за топење на восок

Повеќе информации за производот и неговата акциска цена може да погледнете ТУКА

Pro Wax 100 Апаратот за топење на восок е одличен за приватна и професионална употреба, температурата на апаратот може да се прилагоди од 0 степен до 55 степени, погоден за сите видови на восок исто така доколку не го користите за восок за депилација можете да го користите за топење чоколадо, фонду, шеќер и слично.

Depilatory Heater Konsung депилатор

Повеќе информации за производот и неговата акциска цена може да погледнете ТУКА

Едноставен за домашна употреба. Ги отстранува несаканите вланка на рацете, нозете, дланките, лактите, пазувите, бикини зона итн. Совршен е и за професионална употреба.

Апарат за нега на пети

Повеќе информации за производот и неговата акциска цена може да погледнете ТУКА

Одличен за нега на сува и испукана кожа. Ротирачки ролер со широк агол од 300 степени, удобен и едноставен за ракување, компактен дизајн и пријатен на допир.

Идеален за патување уникатна технологија за тркалање и брусење на петите, поефикасна ролер глава со водоотпорен дизајн за влажно и суво користење.  Лесен за одржување и удобно користење

Ова се двата најинтелигентни хороскопски знаци

Без разлика дали сте авторитетен Овен или грижлив Рак, секој хороскопски знак има свои најпривлечни квалитети. Овие астролошки читања можат да предвидат сè, од вашата романтична компатибилност до вашето здравје.

Но, кога станува збор за интелигенција, кој знак го презеде тронот?

Имено, Водолијата и Скорпијата се најпаметните хороскопски знаци, велат астролозите, но поради две сосема различни причини.

Луѓето родени во знакот Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, која се мери со когнитивните способности и коефициентот на интелигенција.

Скорпиите, од друга страна, имаат попребирлив ум; тие се најдобри во реалното оценување и разбирање на светот како целина.

Тоа не значи дека другите знаци не се интелигентни на свој начин. Всушност, Близнаците и Вагата имаат и многу когнитивни способности, додека Ракот и Рибите се емотивно најинтелигентни; со други зборови, тие се одлични во препознавање и судење на сопствените и туѓите чувства.

Од друга страна, земјените знаци Бик, Девица и Јарец покажуваат практична интелигенција, а огнените знаци Овен, Лав и Стрелец имаат тенденција да бидат најинтуитивни, што ги прави повеќе склони кон ризик.

Ова се три хороскопски знаци кои се вистински нарциси

Хороскопот открива многу за нашиот карактер.

Тој ги открива нашите добри и лоши страни. Сите се сакаме себеси и понекогаш сакаме да бидеме во центарот на вниманието, но постојат три знаци кои се вистински нарциси.

Овен

Овните се познати по својата импулсивност, упорност и желба за внимание. Тие се способни да направат драма од ништо и не само што не им е важно како ќе изгледа тоа во вашите очи, туку и се полни со себе кога тоа ќе се случи. Сакаат да бидат доживеани како храбри и единствени и веруваат дека се многу подобри од останатите. Никој не знае ништо подобро од нив.

Лав

Родените во овој знак се познати по својата драматична природа и потреба за внимание. Тие живеат за моментите кога се во центар на вниманието и тогаш се чувствуваат како ѕвезди. Нивната самоувереност често се изразува како нарцисоидност бидејќи тие сакаат да зборуваат за својот успех, но и тоа колку се сакани и ценети.

Стрелец

Стрелците се познати по својата независност и спонтаност. Ја сакаат слободата и сметаат дека не мораат за ништо да им се објаснуваат на другите. Но, нивната постојана желба за авантура може да направи да сметаат дека само нивните искуства се важни и дека со самото тоа тие се подобри од другите кои не живеат на ист начин. 

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога станува збор за работата. Ќе успеете да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Можни се проблеми поврзани со кашлица.

БИК

Заземете еден одреден став и борете се за него до крај. Не ја расфрлајте својата енергија на споредни цели. Ако сакате промени многу е важно да му покажете на партнерот во која насока размислувате. Чувствителен предел на градниот кош.

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате стабилна ситуација на работно поле. Имате можност да дојде до добра соработка. Доколку сте слободни, може да се надевате на ново познанство. Денот е поволен и за зафатените. Водете сметка за исхраната.

РАК

Доколку се пред вас нови случувања подгответе многу енергија за промени. Нема да биде лесно. Ве очекува можност да влезете во љубовна врска со личност кон која имате одредени симпатии. Можни се проблеми со притисокот.

ЛАВ

Финансиската ситуација може да биде позитивна ако се потрудите да донесете правилни одлуки. Сакате да му ги покажете на вашиот партнер своите искрени емоции. Време е вашата врска да напредува. Поволен период за почеток на диета.

ДЕВИЦА

Можно е потпишување на договор. Разгледајте ги сите ставки пред да се одлучите на таков чекор. Сакате да направите промени на ова поле и многу ви е важно саканата личност да размислува во тој правец. Избегнувајте цигари.

ВАГА

Слушајте ја својата интуиција и потрудете се да се посветите на работата максимално. Време е да се насочите кон нови работни задачи. Ова не е поволен ден, ве очекува разочарување поврзано со нова личност во вашиот живот. Можни се проблеми со нервниот систем.

ШКОРПИЈА

Обидете се да одржите стабилна состојба на работно поле. Дајте си време да научите нови тајни на својот занат. Имате впечаток дека партнерот е ладен кон вас. Можно е да дојде до прекинување на врската. Склони сте кон депресија.

СТРЕЛЕЦ

Не е поволен ден за вас на работно поле. Може да очекувате некои компликации. Ви се отвора можност да ја освоите личноста кон која имате емоции уште од минатото. Внимавајте на црниот дроб и панкреасот.

ЈАРЕЦ

Можно е да се трудите да дојде до промени, но сѐ уште не можете да успеете во тоа. Покажете малку трпение. Се појавуваат нови проблеми помеѓу вас и саканата личност и не ви е лесно да се носите со нив. Потребна ви е масажа.

ВОДОЛИЈА

Размислувате за започнување нов бизнис но како сѐ уште да не сте подготвени за тој чекор. Доаѓате до контакт со личност која ќе посака сериозна врска. Дали сте подготвени да и го овозможите тоа? Здравствената состојба е сѐ подобра.

РИБИ

Ви се нуди можност за напредување и секако треба да ја искористите шансата. Ви изгледа дека партнерот не се поставил фер кон вас и тоа не ви се допаѓа. Можни се проблеми со забите.

Популарно