Дневен хороскоп

ОВЕН

ЉУБОВ: Нема причина наивно да верувате во нечии ветувања или во ласкави комплименти кои ги добивате. Големиот емотивен занос знае да прелаже.

РАБОТА: Избегнувајте ситуации кои го надминуваат вашето знаење или практично искуство. Важно е да ја задржите вашата деловна позиција.

ЗДРАВЈЕ: Применете некоја од техниките на психолошко опуштање.

БИК

ЉУБОВ: Во средба со блиска личност, избегнувајте чувствителни теми или прашања кои представуваат вовед во нова расправија.

РАБОТА: Новите деловни случувања ги поврзувате на погрешен начин, а нечие однесување го толкувате во склад со своите потреби.

ЗДРАВЈЕ: Неоптоварувајте се со тешки мисли.

БЛИЗНАЦИ

ЉУБОВ: Нема потреба да ги прикривате своите намери пред блиската личност, остајте ги работите да си течат по свое.

РАБОТА: Се остваруваат вашите деловни прогнози, чувствувате голема самодоверба во средба со соработниците.

ЗДРАВЈЕ: Ќе ви одговара прошетка во природа.

РАК

ЉУБОВ: За среќа потребно е малку, кога некој со вас покажува топли чувства и убави мисли. Уживајте

РАБОТА: Вие треба да го определите вашиот деловен углед. Смислете добар план и ќе остварите деловен успех.

ЗДРАВЈЕ: Поттикнувате романтично расположение и ведар дух.

ЛАВ

ЉУБОВ: Потребно е да разберете нечија емотивна слабост. Нема причина да се однесувате супериорно во друштво на блиска личност.

РАБОТА: Без оглед на вашата снаодливос, неможете да ги контролирате случувањата на деловната сцена и на своите соработници.

ЗДРАВЈЕ: Избегнувајте напорни и стресни ситуации

ДЕВИЦА

ЉУБОВ: Своето внимание посветете го на некој омилена тема или на личност која буди позитивно расположение. Уживајте во убавите работи и во нечие друштво.

РАБОТА: Посветете внимание на различните информации кои имаат корисно значење, за да можете во целост да ги остварите своите деловни цели.

ЗДРАВЈЕ: Бидете умерени во с, се оптеретувате со големи амбиции

ВАГА

ЉУБОВ: Обрнете внимание на поубавите теми и подгответе се за средба со лице кое ве инспирира на позитивно расположение.

РАБОТА: Понекогаш е тешко да се помират различни ставови и интереси, треба да се навикнете на променлива клима во вашата околина.

ЗДРАВЈЕ: Зачувајте ја вашата самодоверба и самоконтрола.

СКОРПИЈА

ЉУБОВ: Вие поставувате големи барања од Вашиот партнер. Направете емотивна дистанца и повторно погледнете ја Вашата врска од различни аспекти.

РАБОТА: Некој не ги разбира вашите идеи и ова негативно влијае на нивото на успех во деловно-финансиската соработка.

ЗДРАВЈЕ: Добро ќе ви дојде прошетка и релаксација

СТРЕЛЕЦ

ЉУБОВ: Немојте да ја влошувате Вашата љубовна врска и да ја иритирате Вашата сакана личност само затоа што не ви се сите овци на број.

РАБОТА: Вие директно го искажувате вашето незадоволство. Вие сте лути поради неправдата што ја доживувате во друштво на деловните партнери.

ЗДРАВЈЕ: Важно е да ја смирите вашата страст и да побарате добри совети.

ЈАРЕЦ

ЉУБОВ: Ве иритира помислата дека некој друг ги “диктира правилата” или влијае врз развојот на настаните во вашиот љубовен живот.

РАБОТА: Понекогаш настаните се надвор од контрола. Нема причина да се одречеш од сегашната ситуација, почекајте подобри услови.

ЗДРАВЈЕ: Нема потреба да се оптоварувате со некои комплицирани ситуации.

ВОДОЛИЈА

ЉУБОВ: Објаснете на блиско лице дека емоциите се највкусни и највозбудливи теми. Преземи ја иницијативата.

РАБОТА: Бидете сигурни дека дејствувате како перфекционист кој држи сè под строга контрола или под будно око.

ЗДРАВЈЕ: Ќе ви годи одмор и релаксација.

РИБИ

ЉУБОВ: Ненадејна средба дејствува врз вашето емотивно расположение. Размислете за вашите чувства пред да направите посериозна одлука.

РАБОТА: Замор, слаба концентрација или суровост се доволна причина да не се вклучите во различни работни места.

ЗДРАВЈЕ: Потребни ви се повеќе часови здрав сон, посветете внимание на соништата.

Извор:Порта.мк

Ова се двата најинтелигентни хороскопски знаци

Без разлика дали сте авторитетен Овен или грижлив Рак, секој хороскопски знак има свои најпривлечни квалитети. Овие астролошки читања можат да предвидат сè, од вашата романтична компатибилност до вашето здравје.

Но, кога станува збор за интелигенција, кој знак го презеде тронот?

Имено, Водолијата и Скорпијата се најпаметните хороскопски знаци, велат астролозите, но поради две сосема различни причини.

Луѓето родени во знакот Водолија имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција, која се мери со когнитивните способности и коефициентот на интелигенција.

Скорпиите, од друга страна, имаат попребирлив ум; тие се најдобри во реалното оценување и разбирање на светот како целина.

Тоа не значи дека другите знаци не се интелигентни на свој начин. Всушност, Близнаците и Вагата имаат и многу когнитивни способности, додека Ракот и Рибите се емотивно најинтелигентни; со други зборови, тие се одлични во препознавање и судење на сопствените и туѓите чувства.

Од друга страна, земјените знаци Бик, Девица и Јарец покажуваат практична интелигенција, а огнените знаци Овен, Лав и Стрелец имаат тенденција да бидат најинтуитивни, што ги прави повеќе склони кон ризик.

Ова се три хороскопски знаци кои се вистински нарциси

Хороскопот открива многу за нашиот карактер.

Тој ги открива нашите добри и лоши страни. Сите се сакаме себеси и понекогаш сакаме да бидеме во центарот на вниманието, но постојат три знаци кои се вистински нарциси.

Овен

Овните се познати по својата импулсивност, упорност и желба за внимание. Тие се способни да направат драма од ништо и не само што не им е важно како ќе изгледа тоа во вашите очи, туку и се полни со себе кога тоа ќе се случи. Сакаат да бидат доживеани како храбри и единствени и веруваат дека се многу подобри од останатите. Никој не знае ништо подобро од нив.

Лав

Родените во овој знак се познати по својата драматична природа и потреба за внимание. Тие живеат за моментите кога се во центар на вниманието и тогаш се чувствуваат како ѕвезди. Нивната самоувереност често се изразува како нарцисоидност бидејќи тие сакаат да зборуваат за својот успех, но и тоа колку се сакани и ценети.

Стрелец

Стрелците се познати по својата независност и спонтаност. Ја сакаат слободата и сметаат дека не мораат за ништо да им се објаснуваат на другите. Но, нивната постојана желба за авантура може да направи да сметаат дека само нивните искуства се важни и дека со самото тоа тие се подобри од другите кои не живеат на ист начин. 

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Можеби се запрашувате какви обврски ве очекуваат на работно поле. Не ви е лесно да дојдете до извесност кога станува збор за работата. Ќе успеете да ја освоите личноста која ви се допаѓа. Можни се проблеми поврзани со кашлица.

БИК

Заземете еден одреден став и борете се за него до крај. Не ја расфрлајте својата енергија на споредни цели. Ако сакате промени многу е важно да му покажете на партнерот во која насока размислувате. Чувствителен предел на градниот кош.

БЛИЗНАЦИ

Можете да очекувате стабилна ситуација на работно поле. Имате можност да дојде до добра соработка. Доколку сте слободни, може да се надевате на ново познанство. Денот е поволен и за зафатените. Водете сметка за исхраната.

РАК

Доколку се пред вас нови случувања подгответе многу енергија за промени. Нема да биде лесно. Ве очекува можност да влезете во љубовна врска со личност кон која имате одредени симпатии. Можни се проблеми со притисокот.

ЛАВ

Финансиската ситуација може да биде позитивна ако се потрудите да донесете правилни одлуки. Сакате да му ги покажете на вашиот партнер своите искрени емоции. Време е вашата врска да напредува. Поволен период за почеток на диета.

ДЕВИЦА

Можно е потпишување на договор. Разгледајте ги сите ставки пред да се одлучите на таков чекор. Сакате да направите промени на ова поле и многу ви е важно саканата личност да размислува во тој правец. Избегнувајте цигари.

ВАГА

Слушајте ја својата интуиција и потрудете се да се посветите на работата максимално. Време е да се насочите кон нови работни задачи. Ова не е поволен ден, ве очекува разочарување поврзано со нова личност во вашиот живот. Можни се проблеми со нервниот систем.

ШКОРПИЈА

Обидете се да одржите стабилна состојба на работно поле. Дајте си време да научите нови тајни на својот занат. Имате впечаток дека партнерот е ладен кон вас. Можно е да дојде до прекинување на врската. Склони сте кон депресија.

СТРЕЛЕЦ

Не е поволен ден за вас на работно поле. Може да очекувате некои компликации. Ви се отвора можност да ја освоите личноста кон која имате емоции уште од минатото. Внимавајте на црниот дроб и панкреасот.

ЈАРЕЦ

Можно е да се трудите да дојде до промени, но сѐ уште не можете да успеете во тоа. Покажете малку трпение. Се појавуваат нови проблеми помеѓу вас и саканата личност и не ви е лесно да се носите со нив. Потребна ви е масажа.

ВОДОЛИЈА

Размислувате за започнување нов бизнис но како сѐ уште да не сте подготвени за тој чекор. Доаѓате до контакт со личност која ќе посака сериозна врска. Дали сте подготвени да и го овозможите тоа? Здравствената состојба е сѐ подобра.

РИБИ

Ви се нуди можност за напредување и секако треба да ја искористите шансата. Ви изгледа дека партнерот не се поставил фер кон вас и тоа не ви се допаѓа. Можни се проблеми со забите.

Популарно