Водителката елена Спенџарска е активна на својот профил на Инстаграм каде што освен тоа што споделува фотографии од себе, пишува и пораки:
„Таму некаде, постои маж за кој ќе се омажиш еден ден.Сеуште не сте се сретнале, но тој постои, жив е и си го живее својот живот.
Можеби сега во овој момент е дома и гледа телевизија. Можеби се спрема да излезе надвор, како што се спремаш и ти, но во Белград. Или во Рим.Или во Чикаго....или можеби денес прави свадба со жената со која мисли дека ќе го помине целиот живот, и за која еден ден тебе ќе ти каже се.
Но, тоа сега не е важно.
Важно е дека е таму некаде, постои, прави некои секојдневни работи кои можеби еден ден ќе ги правите заедно, а можеби тој никогаш повеќе нема да ги прави откако ќе те сретне тебе.
Знам дека сега ова вака кажано и не ти звучи многу убедливо, но поентата е дека ПОСТОИ.
Верувај ми !
Еден ден...можеби уште утре, за месец или пет, ќе се сретнете и вашите животи ќе бидат променети засекогаш.
Не ја губи вербата и ќе видиш !„